Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами на себе, без мерки за високите цени
Објавено во: Економија 11 Септември, 2025 14:28
„Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче вели дека ова е потврда за она што СДСМ го алармира веќе цела година – дека Владата нема никаква намера да ги заштити граѓаните, ниту да балансира меѓу интересите на големите трговски синџири и потребите на обичниот народ.
„Практично, вчера власта им порача на граѓаните – оставени сте сами на себе,“ истакна Филипче.
Според него, станува јасно дека актуелната власт е или премногу занесена од чувството на моќ или сосема ја изгубила врската со реалноста. А реалноста, како што посочи, е дека стандардот на граѓаните е драматично срушен.
„Оставија инфлацијата целосно да ги срози платите. Заштитувајќи ги интересите на блиски бизнисмени, дозволија цените едноставно да дивеат,“ кажа Филипче.
На тврдењата на премиерот Мицкоски дека „инфлацијата значително забавува“, Филипче остро возврати:
„Тоа не е вистина. Статистиката не лаже – Македонија има инфлација меѓу највисоките во Европа. Додека просечната инфлација во ЕУ е 2.1%, кај нас во август е 4.4%, двојно повисока.“
Филипче предупреди дека ценовниот раст не запира. Само во август, во споредба со истиот месец лани, цените на храната пораснале за 6.7%, а овошјето и зеленчукот за над 11%.
„Синдикалната потрошувачка кошничка за август е над 65.000 денари. А оваа влада е единствената во регионот која на ваков раст на цени реагира со игнорирање,“ посочи тој.
Додека во Албанија минималната плата од следната година ќе биде 500 евра, а во Србија се планира зголемување на 550 евра, само македонските граѓани остануваат заглавени во сиромаштија поради, како што рече, политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова нема никаква врска со трета или четврта економска сила, како што сака Мицкоски да прикаже. Ова е само доказ за неспособноста и незаинтересираноста на владејачката коалиција да им помогне на граѓаните,“ истакна Филипче.
Тој ја заклучи изјавата со порака дека веќе дури ни пропагандата на Мицкоски не верува во приказните за економски успех.
„Граѓаните се тие што најдобро знаат како живеат. Едноставно, не можат да врзат крај со крај во текот на месецот,“ рече Венко Филипче.
СДСМ повторно ја повикува Владата да престане со игнорантноста и веднаш да донесе сет на конкретни и ефикасни економски мерки за помош на граѓаните.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија





