Филипче на работен состанок со сопствениците на приватните болници - деталите ќе бидат договорени в недела
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Ноември, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево имаше работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“.
Разговорите беа конструктивни, а приватните болници имаат позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од државата за справување со пандемијата.
„Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравствени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела“, информираат од Министерството за здравство.
Дотогаш на формализирање на соработката работот тимовите од Министерството за здравство и приватните болници.
Деновиве бројката на заразени со коронавирусот на дневно ниво е над 1.000.
Пред два дена имаше дури 1.406 нови случаи на ковид-19.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.