Филипче најави: Властите размислуваат за рестриктивни мерки, состојбата се влошува
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2020 14:18
Состојбата со корона вирусот се влошува, алармираше денеска на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, нагласувајќи дека здравствените власти размислуваат и за повторно евентуално воведување на рестриктивни мерки.
-Летото е зад нас, а ризикот кој го носи есента е сериозен аларм. Состојбата кај нас како и секаде во светот, со крајот на летото се влошува. Велика Британија, Чешка, Франција, Шкотска, Израел, планираат да ги заострат мерките. Франција ги заострува мерките, меѓудругото ќе забрани и посети меѓу домаќинствата. Тоа е она што го најавувавме, дека септември ќе биде почеток на нов бран, истакна министерот Филипче на прес-конференцијата.
Тој нагласи дека инциденцата на новозаразени во земјава изнесува 79,2 на 100.000 житечи што е највисок во Европа. Според анализите на Комисијата за заразни болести до 19 септември најголем број заболени има во Скопје, Куманово, Тетово,Штип и Струмица, а Штип е со најголема инциденца.
-Во моментов најприсутен е вирусот кај возрасната група од 30-39 години, што значи ги напаѓа и помладите и поздрави луѓе. Состојба последните денови се влошува, а главна причина е непочитувањето на мерките, семејните собири, дружења и средби, изјави Филипче.
Истовремено, тој посебно истакна дека е недозволиво непочитување на мерките од страна на сите, особено од страна на бизнисите, односно угостителските објекти.
Се размислува за воведување нови мерки, но мерки со кои ќе се избегнат затворања и карантини. Дел од мерките кои се разгледуваат се и носење маски и на отворено, ограничување бројот на лица на маси во угостителски објекти, забрана за семејни веселби во затворено, прецизни протоколи за работа на угостителските објекти и на јавниот превоз.
-Целта е да се избегнат рестрикции на движењето, кои би ја закочиле економијата, но доколку е нужно и тоа ќе го направиме. Размислуваме за задолжително носење на маски и на отворено, дури и кога луѓето сами се движат, силни казни за семејни прослави, ограничување на бројот на гости во угостителските објекти, истакна рече министерот Филипче.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




