18 Декември, 2025
0.0427

„ФИЛИПЧЕ НЕМА ПРИСТАПНИЦА ПОТПИШАНА, А ЧУПЕСКА, КАРАНФИЛОВА И ШУКОВА НЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ“: Куновска за СДСМ

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2025 08:04

Добивај вести на Viber

Поранешната советничка во Град Скопје од редовите на СДСМ, која иако припадник на партијата, секогаш важела за критикувач на нивните политики, Софија Куновска, синоќа гостуваше во  „Само вистина“ на „Канал 5“, каде зборуваше за тоа зошто ја напуштила партијата но и за актуелното раководство и политики на СДСМ. 

Според неа, не се исполнети обврските од статутот од страна на раководителите на партијата,  а кои се се предвидени да бидат исполнети за раководството. 

Тврди дека никој, вклучувајќи го и Венко Филипче, кој е актуелен претседател на партијата, не ги исоплнуваат условите.

„СДСМ не го почитува сопствениот статут. Како од политичка партија која што не го почитува сопствениот статут да очекувате дека ќе почитува било што друго?“, прашува Куновска.“

Таа нагласи дека ја напуштила партијата затоа што повеќе не постоела идеологија, туку клиентелизам кој се префрлил во Владата.

„Многу убаво е пропишано кој може да биде потпретседател, колку стаж треба да има, колку пати треба да биде избиран на централен,“ вели таа, потенцирајќи дека актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, „никогаш нема потпишано пристапница во СДСМ“.

„Јас ви тврдам дека Венко Филипче никогаш не потпишал пристапница во СДСМ. Венко Филипче беше потписник на контрапленумот, за време на Шарената револуција, Венко Филипче беше советник на Нино Тодоров, немојте да ме убедувате дека Нино Тодоров викаше социјалдемократи да му бидат советници“, рече Куновска.

Таа рече дека актуелните потпретседатели на партијата, за кои рече дека, исто како лидерот, не исполнуваат услови да бидат потпретседатели или заменик на претседатели на СДСМ:

„Да не ги набројувам другите. Ана Чупеска, Фани Каранфилова, Каја Шукова, не исполнуваат услови да бидат потпретседатели или заменик-претседател на СДСМ. Статутот дури и не можете да го најдете на страницата на СДСМ веќе“, рече Куновска.

Нагласи дека откако Зоран Заев ја презел функцијата претседател на СДСМ, „критичната маса во партијата сосема и не постои“.

„Се намали критичната маса којашто може да критикува било што, заради тоа што начинот на кој што се поставува раководството на СДСМ од Заев наваму е тој што го критикува раководството дека треба да биде исфрлен од играта“, рече Куновска.

Околу причината зошто самата ја напуштила партијата, таа додаде: „Јас бев човекот којшто не сакав да стојам позади раководството за време на прикажувањето на „бомбите“ ако не знам што има на „бомбите“. Проверете ги материјалите, мене ме нема на ниту една прес-конференција“, рече таа.



Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје