Филипче призна дека вакцинацијата е во слободен пад, се превземаат мерки
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2018 11:29
Министерот за здравство Венко Филипче за „Мета“ изјави дека имунизацијата во Македонија во последните две години е во слободен пад со кампањите дека вакцините се евтини и се поголемиот страв кај родителите и преоѓање кон „ескивација“.
Од страна на Министерството за здравство е планирано да се преземат низа активности со кои ќе се едуцираат родителите за важноста на вакцинацијата и потребата од имунизација.Подготвена е комуникациска и едукативна стратегија со која преку социјалните медиуми, градинките и училиштата, ќе се допре до родителите.
– Сакаме да им посочиме проверени и научно потврдени извори на информации во врска со имунизацијата. Преку општините и локалната самоуправа се планираат јавни дебати и трибини каде што сме спремни да одговориме на прашањата на родителите. Исклучително важна ни е соработката со медиумите и на тоа посветуваме големо внимание. Тие се нашиот партнер и сојузник во правилниот начин на информирање, достапноста на точни и проверени податоци и секако објективна критика ни е потребна. Само со едукација и презентирање на точни факти можеме да ги победиме анти-вакциналните кампањи и да го подигнеме опфатот на имунизација – вели Филипче.
Ако не се зголеми опфатот на имунизација, тој вели дека ќе се појават „искоренети“ болести и затоа мора да се вложат повеќе средства.
– За сето ова да го овозможиме го зголемивме буџетот за имунизација за 70 отсто. Факт е дека последните две-три години опфатот постепено опаѓа, како резултат на антивакциналните кампањи, што е глобален проблем, а не само кај нас. Со овој опфат не се обезбедува колективен имунитет и можно е појава на претходно искоренети заболувања. Токму затоа, имунизацијата е еден од приоритетите на Министерството за здравство, имајќи предвид дека инвестицијата во превентивата има докажана клиничка, социјална и фармакоекономска оправданост – додава Филипче.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




