Филипче со охрабрувачки вести: Бележиме голем бројот на новооздравени пациенти од Ковид-19 во болнички услови
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020 10:28
Министерот за
здравство Венко Филипче, денеска на прес конференција изнесе и охрабрувачки
вести, нагласувајќи дека во Македонија се бележи растот на новооздравените
пациенти од корона вирусот и тоа во болнички услови.
-Од почетокот на епидемијата досега, процентот на новозаразени со Ковид-19 од тестирани пациенти се движи меѓу 36 до 41. Највисокиот процент од тестирани е 41,2, регистриран на 17.ноември, кога имавме и најголем број новозаразени, 1407, и потоа бројот на нови случаи благо опаѓа. Три недели по ред евидентираме прилично еднаква бројка, односно 7.482, 7.367 и 7.393 нешто што практично го нотира и Светската здравствена организација, а тоа е дека бројот на нови случаи успорува. Сега сме всушност на едно плато по период од 2 до 4 недели нагол пораст на новодијагностицирани, што е доказ дека факторот на преносливот R0 е значително намален. Според нашите пресметки сега е 1. Охрабрувачко е и тоа што во последниве недели евидентираме поголем број на оздравени пациенти и во болничко и во домашно лекување. Конкретно, минатата недела процентот на оздравени, во однос на претходната е зголемен за 45 проценти, а ваков тренд продолжува и во текот на оваа недела, истакна министерот Филипче.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




