ФИЛИПЧЕ СООПШТИ КОЈ Е ПРВИОТ ФОКУС НА СДСМ ПО НЕГОВИОТ ИЗБОР: Ќе се враќа довербата на граѓаните
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2024
Започнуваме редовни координации со пратеничката група на СДСМ за организирано и силно делување во Собранието, информираше новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче.
„Денес ја одржавме првата средба со која го означуваме почетокот на новото политичко делување на партијата. Разговараме за актуелните закони кои ги предлага Владата и предлозите на кои СДСМ работи и ќе ги достави до Собранието.
Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај грѓаните, а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието.
За оваа цел, согласно моите ветувања во кампањата, предложив секој од пратениците да има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните.
СДСМ ќе делува конструктивно во интерес на граѓаните и будно ќе ја следи работата на Владата и законите кои ги предлагаат“, соопшти тој на фејсбук.