Филипче: Вирусот не познава граници во однос на возраста
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Август, 2020
Вирусот не познава граници во однос на возраста, манифестацијата, начинот, правилата, едноставно причинител каков што во светот на медицината не бил познат, изјави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче во „Само вистина“ на Канал 5.
Клиничката манифестација, вели Филипче, која предизвикува голем број смртни случаи, и кај голем процент кај лица кои немаат хронични болести, а тоа ни кажува дека не знаеме се за вирусот како причинител.
„Имаме и такви случаи, за жал, каде здрави лица починуваат, но тоа е повеќе исклучок, отколку што е правило. Дефинитивно еден голем процент од вкупниот број на починати лица се пациенти кои имаа хронични болести, како проблеми со васкуларниот ситем, крвните садови, срцето и белите дробови, тоа прави вирусот едноставно да се „закачи“ за едни одредени рецептори“, рече Филипче.
Тој кажа дека Македонија била транспарентна во однос на пријавувањето на смртните случаи.Додаде дека се подготвуваат за уште полоша состојба наесен.
Денес младо момче на возраст од 22 години почина од вирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.