Филипче: Во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Ноември, 2020
Намалена е преносливоста на коронавирусот, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Евентуална следна мерка би можела да биде полициски час, смета министерот.
Секојдневно се следи состојбата на терен и, доколку има потреба, Комисијата за заразни болести ќе препорача и дополнителни рестриктивни мерки.
„Анализите покажуваат дека е намалена преносливоста на вирусот. Ер нула (R0) факторот на преносливост е намален од 1,5 на близу 1, што значи дека еден човек при непосреден контакт претходно заразувал 1,5 човек, а сега тоа е помалку од еден“, објасни Филипче.
Вели дека за разлика од пролетта и летото, во овој период од годината вирусот има силна локална трансмисија.
Вчера Македонија регистрираше црн рекорд од 40 починати од вирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.