19 Декември, 2025
0.0490

ФИЛКОВ ЈА РАЗРЕШИ СУДИЈКАТА ДАНИЕЛА АЛЕКСОВСКА СТОЈАНОВСКА, СУДЕШЕ ЗА ВАСИЛ: Сега не е повеќе во работната група за измени на Кривичниот законик

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2025 14:17

Добивај вести на Viber

Министерот за правда, Игор Филков, денеска соопшти дека ја разрешил судијката која му судела на Васил Јованов што ја прегази Фросина Кулакова од членство во работната група за измени на Кривичниот законик. Одлуката, како што истакна, е донесена за да се спречи дискредитација на процесот за суштински реформи во правосудството. 

-Денес се обраќам не како министер за правда, туку како граѓанин и родител. Ги повикувам судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина. Истовремено, донесов одлука да ја разрешам од членство во работната група во Министерството за правда судијата чие име ја бранува јавноста. Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството,“ изјави Филков на прес-конференцијата. 

Тој истакна дека надлежните институции мора да преземат мерки за утврдување на одговорност и дека компромис во ова прашање не смее да има. 

-Граѓаните очекуваат правда, а институциите се должни да испорачаат брзо, правично и транспарентно. Непостапувањето и спороста отвора можност утре да имаме исти или слични случаи. Апелирам до сите политички чинители во државата да не се обидуваат овој несреќен случај да го злоупотребуваат за дневнополитички цели. Правосудниот систем мора да се менува од корен, однадвор, но и одвнатре. Нема да дозволам неказнивост, но и недопирливост, нагласи Филков. 

На новинарско прашање дали со разрешувањето на судијката лоцира одговорност кај неа, министерот појасни дека станува збор за оптимизација на работните групи и дека нема да се меша во работата на Судскиот совет, но очекува тие да постапат. 

Тој потврди дека се разгледува можност за измени во Законот за Судскиот совет, со кои членовите избрани од Собранието би можеле да бидат отповикани. 

Во однос на потенцијални построги казни за сообраќајни несреќи, министерот потврди дека работната група ќе работи на тоа. 

-Постојано работиме на усогласување на сите можни законски решенија заедно со колегата Тошовски. Ние се залагаме за максимални казни, изјави тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот