23 Ноември, 2024
0.0285

Интервју Филомена Пљаковска Аспровска: Пред 15 години беа потребни визија и храброст за да влеземе во авантурата наречена е-трговија

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Минатата недела КаСис одбележа 15 години од првата трансакција на е-продавница во системот за електронска трговија cPay на КаСис. По тој повод разговараме со Филомена Пљаковска Аспровска, извршна директорка и претседателка на Управниот одбор на единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички Интернационален Картичен Систем – КаСис АД Скопје.

Од денешна перспектива како гледате на почетоците на е-трговијата во нашата земја?

Пљаковска Аспровска: Кога ќе се навратам 15 години наназад сфаќам колку беа потребни  визија и храброст за да почнеме нешто сосема ново и дотогаш непознато – да промовираме еден сосема нов канал на плаќање кој ќе биде електронски без можност за физички контакт. Голема обврска за нас беше предизвикот да се уверат трговците за предностите да се има отворена продавница 24 часа 7 дена во неделата, а уште поголем предизивикот да се едуцираат купувачите да купуваат онлајн и да ги остават своите податоци во интернет просторот.

Првата е-комерц трансакција е реализирана на 7ми Ноември 2007ма година со картичка издадена во Македонија, а на 7ми Декември со странска картичка. Картичките се уште беа нов инструмент за плаќање, а беа неопходни за онлајн купување. Си поставивме цел да ги едуцираме корисниците, да изградиме доверба и сигурност за онлајн купување и слободно и масовно користење на картичките во е-трговијата.

Довербата во картичката како инструмент за плаќање беше и се уште е главен императив во промовирање на секој нов сервис и иновација. Најважно е купувачите и имателите на картички да се чувствуваат сигурни при оставање на своите податоци и податоците за своите картички.

Токму затоа безбедноста ни е приоритет со кој никогаш не правиме компромиси. Платформата за е-трговија е сертифицирана за актуелните безбедносни протоколи за автентикација, 3DS 1.0 а во моментот и со најновиот 3DS 2.0.

Како се развиваше индустријата?

Пљаковска Аспровска: Секоја нова инвестиција и нова функционалност што ја воведувавме беше резултат на следење на светските трендови и слушање на потребите од клиентите од различни дејности и индустрии и со различни бизнис модели. Континуирано воведувавме новитети соодветни за различните бизнис модели, нови функционалности и иновативни решенија кои го поттикнуваат развојот на компаниите но и на економијата.

Освен основните трансакции за купување односно плаќање, од самиот почеток воведовме и плаќање во два чекори со предавторизација и комплетирање што овозможува ефикасност во плаќањата зависно од залихите на страната на трговецот и плаќање на рати, што беше неопходно имајќи го предвид начинот на плаќање со чекови кои сеуште беа присутни во тоа време.

Први воведовме рекурентни плаќања исклучително погодни за трговците и бизнисите кои нудат услуги кои периодично се наплатуваат, и можноста за зачувување на картичка што овозможува плаќање со еден клик.

Сите овие новитети влијаат на подобрување на корисничкото искуство, едноставност во процесот на плаќање, истовремено одржувајќи ја безбедноста на највисоко ниво.

Кои се карактеристиките поради кои е-трговците го бираат cPay?

Пљаковска Аспровска: Идејата трговецот и оние кои ја водат електронската продавница целосно да се потпрат на cPayсистемот и неговите можности е наша водилка од самиот старт. Трговците имаат можност континуирано и во реално време да ги следат плаќањата на својата електронска продавница, да генерираат извештаи, да поништуваат плаќања.

Особено е важно да се спомене тимот за поддршка на електронските продавници и трговците. Почнувајќи од самата интеграција на електронската продавница која се реализира за неколку денови, и потоа во оперативното работење, тимот за поддршка на електронските трговци е постојано достапен и овозможува нивната продавница да функционира непрекинато 24 часа.

Каква ви е сорботката со банките во доменто на градење услови за развој на е-трговијата?

Пљаковска Аспровска: Заедно со банките и финанасиските друштва континуирано имаме активности и промоции за поттикнување на е-трговијата, зголемување на бројот на отворени продавници и особено обрнуваме внимание на едукацијата и промоцијата за безбедноста на електронските плаќања кај имателите на картички.

Горди сме дека во овие 15 години изградивме партнерски однос со 3 банки и 2 финансиски друштва од земјата и регионот, на платформата интегриравме повеќе од 1,050 електронски продавници, месечно процесираме повеќе од 450.000 трансакции, и секој ден заедно со нашите партнери и корисници, растеме и ја градиме визијата за иднината.

А каква иднина очекувате?

Пљаковска Аспровска: Ги антиципираме промените што ќе дојдат со потребата да се диференцира физичкиот од онлајн каналот на продажба и потребите што ќе произлезат од улогата на трговците во процесот на прилагодување на системот кон различните опции за плаќање и кредитирање што трговците ќе сакаат да им ги понудат на своите купувачи.

Заедно со колегите од Даис софтвер, работиме на новата и најсовремена платформа за електронска трговија која очекуваме да биде во функција до крајот на годината. Развиена во најнови технологии истата ќе овозможи развој на нови функционалности и пресретнување на потребите на пазарот, подобрено корисничко искуство и флексибилност за нови иновативни решенија и бизнис модели. Во КаСис продолжуваме да ги следиме трендовите, секогаш ќе бидеме чекор пред времето, спремни да понудиме дополнителна вредност. Касис ќе остане стабилен, сигурен и безбеден партнер во доменот на е трговијата и електронските плаќања за банките и е-трговците.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи