Финалето на Креатон оваа среда во Europe House
Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2019
Амбасадата на Р.Словенија во Скопје и центарот за неформално образование Creative Hub Ве канат на Финалната презентација на 45-дневниот “Креатон” која ќе се одржи во Europe House.
Низ 45-дневниот период 15 студенти од Академија за графички дизајн и Академија за веб дизајн на Creative Hub заедно со 5 студенти од ФЕИТ работеа на редизајнирање на понудата на 5 македонски компании кои произведуваат македонски производи.
Студентите низ менторски часови со предавачи од Creative Hub, но и од Факултетот за применети уметности од Љубљана имаа можност да ги применат знаењата стекнати на Академиите, но и да направат општествено добро. Преку користење на креативните вештини студентите редизајанираа логоа, изработија веб страни, дизајн на пакувања и на производи се со цел да ја подобрат понудата на компаниите.
Петте компании кои беа избрани од самите студенти се винарската визба “Попови”, производителите на мед “Дабески”, “Марковски сувенири”, компанијата за производство на македонско сирење “Хит 73” и компанијата за производство на маџун “Дивинум Приме”.
Овој проект кој е темел на една прва билатерална соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Р. Словенија, Амбасадата на Р. Словенија, центарот за неформално образование “Creative Hub” има креативна но и економска вредност за општеството преку подобрување на понудата на компаниите.
На настанот кој ќе се одржи оваа среда со почеток во 11 часот ќе се обрати Амбасадорот на Словенија во Р.С.М проф. Д-р Милан Јазбец, Евроамбасадорот Самуел Жбогар, Аријана Коскарова од Creative Hub а истовремено и ќе се одржи и промоција на проектите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.