07 Декември, 2025
0.0295

ФИНЦИТЕ, УНГАРЦИТЕ, ТУРЦИТЕ СЕ ЖОЛТА РАСА: Но и други европски народи, што учат осмоодделенците?

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2022 17:59

Добивај вести на Viber

По секојдневното обелоденување на кардинални грешки во учебниците кои пред крајот на првото полугодие ги добија децата во петто одделение, реакции за грешки стигнуваат и од родители и од наставници на ученици од повисоките одделенија. Дека Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија, дека Монт Еверест е висок 29.305 метри, дека Марија Кири е добитничка на Нобелова награда за наука, а не постои Нобелова награда за наука, туку за хемија или за физика, не се последните катастрофални грешки кои ќе мораат да ги „голтаат“ децата.  Оние во VIII одделение по географија учат дека Финците, Унгарците, Турците се жолта или монголоидна раса.

Откако до редакцијата на Фактор стигнаа низа реакции од родители кои велат дека ова е сосема погрешно, разговаравме со наставничка по географија, веќе во пензија, Стојанка Вуксановиќ, која направила истражување, конкретно за Финска и која вели дека Финците се бела раса.

-Искусен наставник доколку смета дека има нелогичности во наставниот материјал, не предава како што е напишано во книгата. Не смее да им се пренесе погрешно знаење на учениците. Голем дел од нас, просветниот кадар, не сме научни истражувачи, но, ако видиме дека постојат грешки, како на пример дека Монт Еверест е висок 29.000 метри, секако дека на учениците ќе им укажеме дека во учебникот има погрешна информација. Што се однесува конкретно до расите, за ова се потребни подетални истражувања. Така на пример, она што јас го направив во моето истражување, конкретно за Финска, тие воопшто не се сметаат себе си за жолта раса, напротив тие се бела раса. Во високоразвиените земји воопшто и не станува збор за учење за расите. Кај нив се учи само од која националност е некој, односно која му е етничка припадност, вели Вуксановиќ за Фактор.

Истовремено пак, родителите на учениците од VIII одделение кои први укажаа на содржината во учебникот по географија, а кои припаѓаат на генерациите основно одделение во периодот пред осамостојувањето на Македонија, велат дека вакво нешто никогаш не учеле.

-Кога зема ќерка ми да ја чита оваа лекција останав запрепастена. Можеби постои некаква поврзаност со потеклото во текот на оние вековни процеси на преселбата на народите, но дека Унгарците или Финците или Турците се жолта раса, досега немам слушнато. Почнав да пребарувам по интернет, се што најдов укажува на тоа дека се бела раса. На пример, на Springer link, каде се објавуваат обемни научни истражувањеа, во написот за генетското потекло на Унгарците е наведено дека врз основа на анализите кои користат класични маркери, модерното унгарско население е многу слично со другите европски популации, особено со оние што зборуваат словенски и германски, додека фреквенцијата на генетските варијанти типични околу планините Урал е само 13% . Што се однесува до нашиот учебник, буквално како да е препишан од Википедија, која што е најмалку релевантен извор. Кој ги прави рецензиите, дали некој води сметка каков е крајниот производ, што ќе им се пренесе на учениците и до каде тие потоа ќе стигнат во животот, навистина не знам. Па нема секој пари за лични тутори и тоа по секој предмет. Ова што сега се случува во образованието никогаш не било, вели Соња Трајковска, мајка на осмоодделенка.

Инаку, уште минатата недела кога беа констатирани големите грешки во учебниците за петто одделение, Министерството за образование и наука и Педагошката служба започнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за петто одделение.
Преку Националната комисија за учебници како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, МОН веќе побара информации за работата на сите чинители во постапката за одобрување на конкретниот учебник и по добивањето на извештајот, министерот за образование и наука ќе даде конкретен предлог за понатамошно постапување.

Анита Буховски


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски