Фирмата на Мукоски ќе гради социјална зграда во Гевгелија! Колку вреди новиот државен тендер што го доби таткото на Мукоски?
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2020
Група понудувачи предводена од фирмата на таткото на Крсто Мукоски „Атриум ДОО“ Вевчани, доби тендер од 1,52 милиони евра од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Ова е најголем тендер што го добила семејната фирма на Мукоски од ова државно претпријатие за три години во кои вкупно доби три тендери вредни 3,45 милиони евра!
Вевчанската компанија „Атриум ДОО“ доби државен тендер вреден 1,5 милиони евра од државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП). Договорот е склучен на крај на септември, а семејната фирма на братот и таткото на Крсто Мукоски екс пратеникот од ВМРО ДПМНЕ кој беше помилуван иако ги отвори собраниските порти на крвавиот 27 април 2017 година ќе гради зграда за социјално загрозени семејства во Гевгелија.
Овој е досега највреден тендер на фирмата во која е сопственик Милан Мукоски (таткото на Крсто), а директор е Бобан Мукоски (братот на Крсто) (според официјална и јавно достапна евиденција на агрегаторот на вести www.time.mk )
На овој тендер фирмата на Мукоски настапила во група со уште две компании. Носител на набавката е „Атриум“ кој со склучува договорот со државното акционерско друштво, а во група со него се уште „Декон – ком“ скопска градежна фирма сопственост на Дејан Велевски, регистрирана за останати завршни градежни работи. Третата фирма од групата е РМК Градба Ас, со седиште во општина Студеничани, сопственост на Рафис Камберовски. Неговата фирма е регистрирана за изградба на други објекти од нискоградба.
На овој тендер оваа група понудувачи дала цена од 1,517 милиони евра што е за 38.000 евра пониско од највисоката понудена цена, а понудата на Мукоски, Велевски и Камберовски била само 2.337 евра пониска од проценетата вредност на набавката (податокот е достапен на следниов линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/54ba930a-0210-4d8a-8289-42ae24f59899)
Чисто информативно, фирмата на Мукоски лани остварила вкупен приход што е помал од еден милион евра. А годинава само од државното претпријатие за станбен и деловен простор добиле тендер вреден над 1,5 милиони евра. Добивката на „Атриум“ лани изнесува скромни 4.000 евра што е за 25 отсто помалку од претходната година.
АД за станбен и деловен простор е „коњак“ за Мукоски!
Според располжливата достапна евиденција државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од декември 2018 година до сега во три наврати добива тендери вредни 3,45 милиони евра. Најголема вредност има овој тендер, а претходниот за градба во Свети Николе бил на вредност од 1,25 милиони евра склучен на 30 декември 2019 година. Третиот тендер е склучен на 6 декември 2018 година за одржување на објекти на ова акционерско друштво вреден 684.000 евра.
Р. Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.