Фирми плаќаат по два пати за еден превоз на стока, државата нема контрола

Објавено во: Економија 09 Јули, 2022 11:55
Трговска фирма од Скопје платила двојно за превоз на прехрамбени производи од Грција, затоа што и организаторот на транспортот и превозникот му ја наплатиле истата услуга. Од Министерството за транспорт и врски, но и од Државниот пазарен инспекторат велат дека нема контрола, барем редовна, на работењето на шпедитерите, кои го организраат транспорот на стоката.
- Првиот организатор, на кој веќе му платив да најде превозник, ангажирал втор посредник, но тој во меѓувреме завршил во стечај и не му платил на превозникот за транспортот. Превозникот по година и пол ми испрати фактура за наплата иако немам никаков договор со истиот. Тој не може да ми фактурира за една иста услуга два пати да плаќам, а згора на тоа може некој да помисли и дека прикажувам лажни расходи, ни се пожали трговецот кој сакаше да остане анонимен, а во меѓувреме морал да ангажира адвокатска канцеларија и судски да ја докажува правдата.
Корисниците на услугите на транспортните компании велат дека во законот кој ги регулира овие односи ова е една „сфера на солидарност“ која им прави големи неизвесности во работењето. Во еден од прописите пишува дека „за ништовни се сметаат сите одредби во договорот за превоз кои го лимитираат правото на солидарна одговорност“. Тоа практично значи дека превозниците имаат сила да не испочитуваат ништо од склучените договори.
Билјана Муратовска, генералниот секретар на здружението на превозници МАКАМ-Транс, вели дека има голем број на сомнителни посредници кои го организираат транспорот, но и дека поради тоа треба да бидат заштитени самите транспортери. Порачува дека нарачателите се тие кои треба да внимаваат со која агенција ги прават договорите, иако во случајов имало втор посредник.
- Ова законско решение е од 2013, а во меѓувреме беше оспорено на Уставен суд, но никогаш не било укинато. Станува збор за солидарна одговорност кон нас превозниците. Има многу измамници и суштината е транспортерите како главни доверители да си ги добијат парите. На оние кои нарачуваат стока и други репроматеријали им порачувам да внимаваат со која агенција за организирање на превоз склучуваат договор и да внимаваат на цената - да не биде ниту мала, ниту висока, вели Муратовска.
„Фактор“ се обрати и до Министерството за транспорт и врски за ваквите случаи. Од таму ни одговорија дека ресорот го регулира само работењето на транспортерите кое мора да биде лиценцирано, додека шпедитерите не се под нивна надлежност. Од таму велат дека се работи за облигациони односи и дека со ангажирање на адвокат може да се поднесе тужба пред суд, а како евентуална опција останува и пријава до Државниот пазарен инспекторат која би го испитала работењето на организаторот на транспорт. Се обративме и до ДПИ, а од таму ни рекоа дека во инспекторатот нема пракса да се контролира работењето на овие субјекти.
А.К.
„организаторите на транспорт“ во домашен и меѓународен патен сообракај.
Можеби ќе ве интересира
ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот
ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци

ВИКЕНДОТ ТРАЕ ТРИ ДЕНА: Овде работниците работат најмалку, а заработуваат најмногу во Европа

ЕВЕ КОИ КЛУБОВИ ДОБИЈА КЛУЧ НА ВРАТА: Затворени се едни од најпопуларните

БИТКОИНОТ ИСЧЕЗНУВА ОД КРИПТО БЕРЗИТЕ – ЌЕ УРИВА ЛИ НОВ РЕКОРД? Пазарот на криптовалутата доживува трансформација
