25 Ноември, 2024
0.0253

Фирми понудиле 10 милиони евра за спортските ваучери, но можеле да донираат само дел

Објавено во: Економија 26 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Иако постоела волја кај фирмите место да платат данок на добивка, да донираат 10 милиони евра за спортот, тоа не се остварило целосно поради лимитот од 6 милиони евра кој за 2019 го дозволи државата.Тоа значи дека лимитот барем на хартија е целосно искористен, но останале екстра понудени и неискористени 4 милиони евра, поради административната одлука.

„Во 2019 година, за правните лица кои донираат финансиски средства на спортски субјекти и имаат право да користат даночно намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, спроведено е даночното ослободување во износ од 369,879,086 денари, од вкупниот износ од 614,889,202 денари за донирање наведен во барањата за известување за извршена донација. Во тек се постапки за разрешување на спорни случаи“, објави Управата за јавни приходи.

Марко Савовски, оперативниот директор на ракометниот клуб „Вардар“, кој е еден од добитниците на ваучерите со најголема вредност, вели дека спортските менаџменти треба сами да се изборат за овие пари, додека потенцијалните донатори се скептични во донирањето, поради самиот факт што однапред се осудени „да си имаат работа со државата“.

- Во нашиот случај ние успеавме да се договориме со Комерцијална банка и таа одлучи да го покрие целиот наш ваучер, но има и клубови кои имаат проблем да пронајдат фирма која ќе сака да донира наместо да плати данок на добивка. Затоа и се сомневам дека ќе биде исполнета максималната сума која ја нудат ваучерите. Од она што го знам на терен, стопанствениците се плашат да си имаат работа со државата и работите да ги вршат преку истата. Доколку не е така, можеби подобро би било УЈП и другите  институции да бидат повеќе во контакт со фирмите и да ги охрабруваат, да ги убедат дека тоа не е на нивна штета, бидејќи знаат да бидат неедуцирани и неинформирани, па можностите да останат неискористени. Или, во краен случај, државата директно да ги исплаќа тие пари од данокот на добивка што ќе го собере, смета Савовски.

Со измените во 2019 за прв пат беше воведен ваучер-системот со кој Владата преку Законот за даночно олеснување настојува да ги стимулира стопанските субјекти да го пронајдат сопствениот интерес за инвестирање во спортот заради нивна поуспешна деловна соработка со спортските федерации, клубови и поединци. Една од целите, наместо државата директно да интервенира со пари, беше да се стимулираат раководните структури во спортските федерации и клубови да бидат подготвени да ги убедат стопанствениците да инвестираат во спортот или во нивната организација.

Овие финансиски средства подлежат на контрола која ја врши надлежно стручно тело во рамките на Агенцијата за млади и спорт, а критериумите ги контролира Владата преку државните инстутуции кои имаат надлежност во делот на финансирање и донации во спортот, како што се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Министерството за правда и Агенцијата за млади и спорт. Овие институции се вклучени во делот на комлетирање на документацијата и издавање на спортски ваучери на спортските федерации и клубови во колективни и индивидуални спортови.

За да го искористи даночното ослободување, донаторот преку УЈП поднесува барање за даночно ослободување заради донирање финансиски средства на спортски субјекти. Доколку Управата го одобри барањето, фирмата може да изврши донација и истата за 15 дена да ја пријави како извршена.

Висината на вредноста на ваучерот ја објавува Агенцијата за млади и спорт според однапред предвидени критериуми. За 2019, стотици федерации, клубови и спортисти имаа можност да ги претворат ваучерите во донации.  Ракометната федерација доби ваучер од 15.291.540, кошаркарска 12.511.000, а одбојкарска федерација 10.426.000 ден. Ракометниот клуб Вардар 14,21 милиони, кошаркарскиот МЗТ Скопје 9,47 милиони, фудбалскиот Работнички 6,7 милиони денари. Индивидуални спортисти добија ваучери од 330.000 денари.

За оваа година беше објавено дека лимитот за донирање преку ваучер-системот се подига од 6 на 0 милиони евра. Ваучерите кои што ги додели АМС зз 2020 се многу поголеми и постои можност преку истите да се дојде до стотици илјади евра. Оваа година предвидени се 400, 500 па и 700 илјади денари за индивидуалците, а предвидени е и ваучер од 9 милиони денари дури и за Македонскиот олимписки комитет. 

А.K.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“