ФИРМИТЕ НА ВИЦЕ ЗАЕВ ПРОДОЛЖУВААТ ДА НОСАТ ЗАГУБА: Двете „Герас Цунев“ работат со минус, имаат и помали приходи од лани
Објавено во: Економија 29 Октомври, 2025 07:15
Паднаа приходите на двете фирми „Герас Цунев“, кои се во стопроцентна сопственост на „Тотал Инженеринг“, фирмата на Вице Заев.
„Конфекција Герас Цунев“ има приходи од 1.369.709 денари или 31 отсто помалку од минатата година истиот период. Фирмата резултираше со загуба од 870.228 денари досега.
„Герас Цунев Трговија“ пак, има приходи од 813.646 денари или 8 проценти помалку од лани. Загубата во оваа фирма изнесува 713.732 денари.
За двете фирми, наведено е дека загубата доаѓа од затворање на хотелско-угостителски објект поради намалена посетеност, односно недостаток на работа.
Загубите на двете фирми не се новост, туку се провлекуваат низ годините.
„Конфекција Герас Цунев“ во 2022 година имала минус од 784 илјади денари. Во 2023 година, работела со загуби од 1.328.000 денари, а лани, загубата изнесувала 1.738.000 денари.
„Герас Цунев Трговија“ пак, работи со загуби, но кондицијата и се подобрува. Во 2022 година, имала загуби од 2.608.000 денари. Во 2023 година, минусот изнесувал 2.072.000 денари, а лани, фирмата ја завршила годината со загуба од 1.746.000 денари.
Двете фирми, „Концекфија Герас Цунев“ и „Герас Цунев Трговија“ на 22 септември годинава беа преобразени од Акционерски друштва во ДООЕЛ, а откако фирмата на Вице Заев целосно ги откупи акциите на сите дотогашни акционери.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




