25 Ноември, 2024
0.0283

„Фискалниот гребен“ предизвика неделен пад на светските берзи

Објавено во: Свет 31 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Пад остварија цените на акциите на светските берзи изминатата недела,  поради тоа што немаше напредок во преговорите во Вашингтон за намалување на буџетот, па ризикот од „фискален гребен“ и рецесија на американската економија станува се поголем. Минатата недела Dow Jones се намали за 1,9 отсто, на 12.938 поени, S&P 500  загуби исто толку паѓајќи на 1.402 поени, а индексот Nasdaq потона за два отсто, на 2.960 поени. Американскиот претседател Барак Обама и републиканците во Конгресот ниту минатата недела не напредуваа во преговорите за мерките за намалување на буџетскиот дефицит. Поради тоа претстои закана од намалување на буџетските расходи и зголемување на даноците на почетокот на наредната година, што може да ги турне САД во рецесија. Поради „фискалниот гребен“  берзите позитивно не влијаат ниту добрите макроекономски показатели, кои укажуваат на јакнење на економиите. Како што се доближува рокот за постигнување на договор за намалување на буџетскиот дефицит, се разгледуваат сите опции. Можно е на 1 јануари автоматски да стапи на сила зголемувањето на даноците и намалување на јавните расходи, но некои аналитичари сметаа дека таквата состојба би можела да се надмине со нов закон кој ќе се применува ретроактивно. -Ние не сме толку загрижени со 1 јануари, како што некој други на берзите се загрижени. Состојбата може да се реши, можеби не во зададениот рок, но секој договор може да се примени ретроактивно“, смета Ричард Вајс, директор во компанијата American Century Investments. Сепак инвеститорите се исклучително претпазливи, а тоа го  покажува и растот на VIX индексот на Чикашката берза на опции, кој само во петокот скокна за 17 отсто, на 22,7 поени, што е  највисоко ниво во изминатите шест месеци. Тоа покажува дека инвеститорите засилено ги осигуруваат своите портфолија од можен натамошен пад на цените на акциите. И на европските берзи цените на акциите изминатата недела беа во пад. Лондонски FTSE ослабна за 0,2 отсто на  5.925 поени, франкфуртски DAX падна за 0,3 отсто, на 7.612 поени, а париски CAC беше во минус од 1,1 отсто и изнесуваше 3.620 поени.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната