Флекенштајн му фати сеир на Орбан за Груевски
Објавено во: Македонија
14 Ноември, 2018 10:13
Добивај вести на Viber
„Орбан не е познат по давање азил“, гласи дел од зајадливиот коментар на европратеникот Кнут Флекенштајн, по веста дека пребеганиот поранешен македонски премиер Никола Груевски очекува „згрижување“ во Унгарија од страна на тамошниот премиер Виктор Орбан за да ја избегне затворската казна и серијата други пресуди кои му се товарат.
Меѓу редови, Флекенштајн сака да каже дека Орбан е под изолација од Европската унија откако жестоко се противи за прием на илегални емигранти кои доаѓаат од Истокот во поглед на престојот, сместувањето и транзитот.
Порача дека е тешко замисливо унгарските власти да му доделат азил на поранешниот премиер во бегство.
„Тешко ми е да замислам дека унгарската влада ќе му додели азил на поранешниот премиер Никола Груевски. Прво затоа што Груевски може да биде сигурен дека ќе добие правично судење во Скопје, а второ, секогаш мислев дека Орбан не прифаќа баратели на азил во неговата земја“, напиша европратеникот.
Синоќа Европската Комисија побара почитување на владеењето на правото во земјите членки како и во земјите кандидати на ЕУ и порача дека судскиот процес не смее да се политизира.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК
Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата