21 Август, 2024
0.0235

„Флекс кредит“: Доверлив и безбеден процес на идентификација и заштита на личните податоци

Објавено во: Мои пари 20 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Целосна системска контрола преку лична идентификација и следење на кредитниот ризик применува финансиското друштво „Флекс кредит“. Согласно законската регулатива која неодамна Министерството за финансии дополнително ја зајакна со измените на Правилникот за кредитен ризик, друштвото целосно ја гарантира безбедноста во процедурите за идентификација и одобрување на кредитите со што клиентите целосно се заштитени.  

„Флекс кредит„ и досега негуваше уникатен пристап за заштита на клиентите, нивната сигурност и безбедноста во однос на целосно идентификување на кредитниот ризик. Во филијалите на финансиското друштво на секој барател на кредит му се врши лична идентификација со валидна лична карта или валиден пасош.  

Апликацијата може да се заврши брзо и онлајн но финансиското друштво целосно е посветено на безбедноста на процесот и заштитата на сите граѓани.  

Во суштина самиот процес на идентификација е двоен. Системската контрола значи внимателна проверка во кредитната историја на клиентот во Македонското кредитно биро, а за сите онлајн апликанти се прави проверка и во клириншката куќа КИБС. Со ова се осигурува дека трансакциската сметка припаѓа на клиентот со чиј матичен број се поднесува апликацијата. Ова од друга страна е гаранција за обезбедување на процесот од манипулации дека можеби некој може да аплицира за кредит со злоупотребен личен документ од трето лице.  

„За нас е важна довербата од нашите клиенти, и досегашните и тие кои допрва ќе бидат наши кредитобаратели. Нашата мисија е да им излеземе во пресрет на сите кои имаат непредвидена и итна потреба од пари, но целиот наш фокус е сета процедура да е безбедна, сигурна и доверлива, велат од „Флекс кредит“. 

Системската контрола во сите фази од одобрувањето на кредитот значи и целосна заштита на прибраните лични податоци и нивно безбедно чување и употреба согласно важечките законски прописи. 

„Флекс кредит“ и во иднина ќе посветува значајно внимание за заштита на клиентите но и на сите граѓани. Индустријата е целосно регулирана од Министерството за финансии, а компанијата дава сериозен придонесе кон нејзиниот развој. Тоа значи и дека финансиското друштво ќе продолжи да врши идентификација и ажурирање на податоците на клиентите со физичко присуство во седиштето на финансиското друштво или во некоја од неговите регистрирани подружници или со употреба на средства за електронска идентификација на високо ниво на сигурност, согласно со закон. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Лесја Украинка“: Балканот и Украина: Историски и модерни паралели

„Лесја Украинка“: Балканот и Украина: Историски и модерни паралели

Подобра медицинска нега, а помали трошоци: Расте интересот за приватно здравствено осигурување во земјата

Подобра медицинска нега, а помали трошоци: Расте интересот за приватно здравствено осигурување во земјата

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД ВЕЛЕС ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.713.203 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД ВЕЛЕС ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.713.203 ДЕНАРИ

Голема роденденска наградна игра на Diamond Mall – главна награда најнов модел на хибриден автомобил

Голема роденденска наградна игра на Diamond Mall – главна награда најнов модел на хибриден автомобил

Samsung Electronics го претстави револуционерниот гејминг монитор „Odyssey 3D“ без употреба на очила на Gamescom 2024

Samsung Electronics го претстави револуционерниот гејминг монитор „Odyssey 3D“ без употреба на очила на Gamescom 2024

Што е „намалување на штети“ и како тоа може да помогне

Што е „намалување на штети“ и како тоа може да помогне

Растечка каматна стапка до 5 отсто! Звучи примамливо. Зошто е добро да се штеди?

Растечка каматна стапка до 5 отсто! Звучи примамливо. Зошто е добро да се штеди?

Празник за сетилата: надградба за Audi RS 3

Празник за сетилата: надградба за Audi RS 3

ШПАРКАСЕ БАНКА СО ПАКЕТ СО НАЈДОБРИ ПОВОЛНОСТИ ЗА СТАРТ НА МАЛИ БИЗНИСИ

ШПАРКАСЕ БАНКА СО ПАКЕТ СО НАЈДОБРИ ПОВОЛНОСТИ ЗА СТАРТ НА МАЛИ БИЗНИСИ