21 Август, 2024
0.0245

Подобра медицинска нега, а помали трошоци: Расте интересот за приватно здравствено осигурување во земјата

Објавено во: Мои пари 21 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Целиот свет во последните неколку години стана посвесен за индивидуалното и групното здравје, за добросостојбата и за чувството на опуштеност кога знаеме дека имаме пристап до редовна и соодветна медицинска грижа која можеме да си ја дозволиме. Само во нашата земја, во последните две години се забележува голем пораст на побарувачката на полиси за здравствено осигурување, што укажува дека Македонците бараат начин да го заштитат она што им е највредно – здравјето.

Неодамнешно истражување објавено од „Нејчр комјуникејшнс“ покажува дека, под соодветни околности, човечките суштества имаат потенцијал да живеат до 150 години.

На прв поглед, 150 години живот звучи неверојатно, но анализите водат кон заклучок дека квалитетниот и долговечен живот најмногу зависи од грижата и квалитетните здравствени услуги. Па оттука доаѓа прашањето: Како да се осигураме дека ќе добиеме најдобра здравствена заштита? Државното здравство веќе поодамна не е сигурна опција, барем кога се работи за поспецифични услуги... додека во приватните установи може да не’ дочека ценовен шок. Тогаш, дали постои решение?

Се’ повеќе луѓе решението го наоѓаат во приватното здравствено осигурување. Со избор на соодветен пакет за индивидуално и семејно здравствено осигурување се обезбедува заштита за себе и семејството, но и заштита на семејниот буџет. Полисата за здравствено осигурување овозможува да користиме дополнителни здравствени услуги кои не се дел од стандардниот болнички третман, да имаме пристап до подобра индивидуална нега во текот на болничкото лекување, но и да ни помогне околу надоместот на трошоците за партиципација, што севкупно ќе го направи лекувањето полесно.

Последните две години во Македонија забележително се зголеми интересот за осигурување на различни категории, од осигурување на живот до осигурување на дом и имот, но најголем раст забележува приватното здравствено осигурување. Само за илустрација, осигурениците само во првите пет месеци од 2024 наплатија вкупно 324,4 милиони денари (5,3 милиони евра) за медицински трошоци од македонските осигурителните компании, што претставува зголемување од 28,5% во однос на истиот период минатата година. Ова им помогна на осигурениците да добијат подобра услуга, да ги подмират трошоците од направената штета и од лекувањето, но и да добијат поголема вредност од она што го нуди медицинскиот сектор во земјата од аспект на испитувања, снимања и операции.

А токму оваа зголемена финансиска сигурност ги мотивира луѓето да се заинтересираат повеќе за осигурителните полиси, а компаниите и работодавците да го нудат приватното здравствено осигурување како дел од пакетот кој го добиваат вработените при вработувањето или пак како дел од програмата за лојалност на компанијата.

Едноставниот заклучок кој може да се извлече од овој тренд е дека осигурителните компании ги направија здравствените услуги достапни за сите. Дури и деталните, поопсежни испитувања и деликатните сложени операции може да си ги дозволи практично секој кој навреме се сетил да ја купи својата полиса за здравствено осигурување. Инвестирањето во здравјето и во финансиската иднина е несебична инвестиција што ќе ви даде мирен ум вам и на вашето семејство, знаејќи дека имате покритие во случај на непредвидени настани.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Лесја Украинка“: Балканот и Украина: Историски и модерни паралели

„Лесја Украинка“: Балканот и Украина: Историски и модерни паралели

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД ВЕЛЕС ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.713.203 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД ВЕЛЕС ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.713.203 ДЕНАРИ

Голема роденденска наградна игра на Diamond Mall – главна награда најнов модел на хибриден автомобил

Голема роденденска наградна игра на Diamond Mall – главна награда најнов модел на хибриден автомобил

Samsung Electronics го претстави револуционерниот гејминг монитор „Odyssey 3D“ без употреба на очила на Gamescom 2024

Samsung Electronics го претстави револуционерниот гејминг монитор „Odyssey 3D“ без употреба на очила на Gamescom 2024

Што е „намалување на штети“ и како тоа може да помогне

Што е „намалување на штети“ и како тоа може да помогне

Растечка каматна стапка до 5 отсто! Звучи примамливо. Зошто е добро да се штеди?

Растечка каматна стапка до 5 отсто! Звучи примамливо. Зошто е добро да се штеди?

Празник за сетилата: надградба за Audi RS 3

Празник за сетилата: надградба за Audi RS 3

ШПАРКАСЕ БАНКА СО ПАКЕТ СО НАЈДОБРИ ПОВОЛНОСТИ ЗА СТАРТ НА МАЛИ БИЗНИСИ

ШПАРКАСЕ БАНКА СО ПАКЕТ СО НАЈДОБРИ ПОВОЛНОСТИ ЗА СТАРТ НА МАЛИ БИЗНИСИ

„Флекс кредит“: Доверлив и безбеден процес на идентификација и заштита на личните податоци

„Флекс кредит“: Доверлив и безбеден процес на идентификација и заштита на личните податоци