08 Октомври, 2024
0.0381

ФОКУС НА ДЕНОТ: Италијанец објави видео за „Рекет“, партиите бараат одговори

Објавено во: Македонија 08 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Со торба полна пари осомничените во „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец заминуваат од домот на Орце Камчев.

Ова јасно се гледа од видеото кое утринава ја обиколи Македонија а е пласирано од италијански медиум.

La Verità со видео покажува како се гледа броењето на парите а е пуштен и краток дел од разговорот кој го води Боки со Камчев, на кој му објаснува дека до понеделник, најдоцна вторник, бизнисменот ќе биде ослободен.

На интернет нема достапни податоци које сопственик на овој медиум, а Фактор не успеа да добие никој од редакцијата на телфоните кои се оставени за контакт. Автор на текстот е извесен Ларис Гаисел, а истиот е потпишан и на текстот кој се однесува на случајот со тенедерот за М-Нав за кој имаше обвинувања дека e вмешан генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, штоисто така беше објавен во овој весник.

Гаисел на фејсбук објавува дека ова е прв дел од екслузивната репортажа за Македонија и скандалите кои го тресат судскиот систем во земјата.

Објавената видео снимка на италијанскиот весник „Ла Верита“и зборовите кои ги употребува Боки 13 во видеото за чекорите кои ќе ги превзема СЈО за случајот „Империја“, покажува дека Катица Јанева е институционалниот извршител на милионскиот „Рекет“, истакна  на денешната прес-конференција Игор Јанушев, секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој исто така, побара и одговорност од извршителите и нарачателите, но побара одговорност и од обвинителката Вилма Русковска, зошто не одлучила да покрене истрага за Јанева, Кики и Фрики.

Според него, е невозможно целата јавност и медиумите да зборуваат за улогата на Кики и Фрики,  да знаат за „Рекет“ и за исчезнувањето на суштинските докази од предметот, а Вилма Русковска да не знае ништо.

За денешните објавени материјали поврзани со случајот „Рекет“ се огласија кратко и од владеачката партија.

Од Струмица, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов вели дека објавата на таа снимка е смислено сценарио.

„Објавата на снимката е дел од смислено сценарио кое нема да успее, Мицкоски да одговори за средбите со луѓето кои се гледаат на снимките!“, соопштуваат од СДСМ.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води предметот „Рекет“, пак, не прецизираат дали снимката им е позната и дали ја имаат како доказен материјал, само потенцираат дека не е добиена од извори во ОЈО.

Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден