11 Декември, 2025
0.2635

ФОКУС НА ДЕНОТ: Катица Јанева вели дека не може да ја сменат, обилен дожд во Македонија и регионот

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2019 20:30

Добивај вести на Viber

Катица Јанева, главната специјална обвинителка, денеска за новинарите истакна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да ја промени од челото на СЈО со персонално решение. Таа смета дека заслужува да биде прв човек на ова обвинителство.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ, според неа, е политичко и разрешувањето што го поставува како услов за договор „ниту држи вода, ниту е на местото и нема оснава“.

- Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон - рече Јанева.

Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, денеска одговарајќи на новинарско прашање откри дека Македонија работи со сите земји-членки кои се резервирани во однос на прашањето за проширување на Европската унија и ги убедува државата да добие Датум за преговори од ЕК.

- Оваа година државата ќе влезе во втората фаза по 20 години и ќе започне преговори со Европската унија. Работиме со земјите-членки, со сите нивни дилеми кои што ги имаат во однос на проширувањето. Важно е дека тие дилеми не се однесуваат на нас. Не може да се најде забелешка за работата на Република Северна Македонија во однос на исполнувањето на критериумите. Се обидуваме да им објасниме дека интересот за започнување на овој процес е многу поголем, но штетат ќе биде уште поголема ако не се започне. Јас ве уверувам дека нема да оставиме непревртен камен за да ја обезбедиме иднината на оваа земја - изјави Османи.

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, рече дека е задоволен од тоа што увозниците на дизел и други нафтени горива не го злоупотребиле привремено нерегулираниот пазар и не ги поскапеле цените во малопродажбата денеска. Цените што биле дефинирани на бензинските пумпи, според Анѓушев, се исти како што би се формирале од страна на Регулаторната комисија за енергетика, која не може да ја примени новата методологија до 20 мај поради законски вакуум.

Обилни врнежи од дожд има во Македонија, но и во регионот. 

Во БиХ има потрага по шестгодишно дете кое паднало во поток, а мајката скокнала да го спаси.

Во местото Бегов Хан кај Жепча денеска шестгодишно дете паднало во поток, чиј водостој се зголемил по обилните дождови. Неговата мајка скокнала по него за да го спаси, но безуспешно. Со возило на Брза помош мајката е префрлена во болница, а специјална полициска единица е ангажирана во потрагата по детето.

Над четристотини и шеесет интервенции имале пожарникарите во Загреб поради природната катастрофа  која ја зафати земјата.

Ноќта пред два часот во Нов Загреб врз возило на брзата помош паднало дрво, амбулантното возило е уништено а  медицинскиот техничар кој бил заробен во возилото го извлекле пожарникарите, пренесуваат хрватските медиуми.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПОВТОРНО БЛОКАДА НА ГРЧКИТЕ ГРАНИЦИ: Продолжуваат протестите на грчките земјоделци

ПОВТОРНО БЛОКАДА НА ГРЧКИТЕ ГРАНИЦИ: Продолжуваат протестите на грчките земјоделци

МВР: Нападот во „Инфомакс“ го направило лице кое претходно лежело во Психијатриската болница Бардовци

МВР: Нападот во „Инфомакс“ го направило лице кое претходно лежело во Психијатриската болница Бардовци

Уапсени словачки навивачи, се тепале во авион на скопскиот аеродром

Уапсени словачки навивачи, се тепале во авион на скопскиот аеродром

Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“

Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“

(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски

(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски

КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?

КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?

СО 14 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПОДНОВУВА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Ќе се набавуваат нови возила

СО 14 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПОДНОВУВА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Ќе се набавуваат нови возила

СУДЕЊЕ „ПУЛС“: Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија

СУДЕЊЕ „ПУЛС“: Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија

Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите ќе бидат јавно објавени

Андоновски: Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци, деталите ќе бидат јавно објавени