ФОКУС НА ДЕНОТ: На пат кон Грција нова патарина, ако нема датум Владата може да падне
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2019 20:30
Подгответе се да плаќате за најскапата патарина во државата.
Од овој месец, поточно од следната недела сите кои ќе патуваат кон соседна Грција ќе имаат дополнителен трошок за патарина.
Едната од двете предвидени патарини на новиот автопат Демир Капија – Смоквица ќе почне со наплата додека другата патарина која ќе се наоѓа кај Демир Капија ќе биде готова до крајот на годината бидејќи поради појава на свлечиште на теренот било неопходно препроектирање.
Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта, најскапа е патарината Петровец – Велес на која за да помине патничко возило треба да плати 80 денари. Потоа следат рампите Велес-Градско и Куманово-Миладиновци во двата правци каде за патничко возило таксата е 60 денари. Автомобилите за да поминат на рампите Скопје-Петровец, Скопје-Миладиновци, Скопје-Тетово во двата правци треба да платат такса од 40 денари, додека најевтина е наплатната рампа Тетово-Гостивар и обратно која чини 30 денари.
Со оваа давачка, за пат од Табановце до граничниот премин Богородица ќе треба да се издвојат 340 денари за патарина.
Македонскиот премиер Зоран Заев од Брисел денеска предупреди дека ако Европскиот Совет одлучи да не ја прифати препораката на ЕК, нашата држава да ги започне преговорите со Европската Унија, можно е да падне Владата.
Заев оцени дека евентуалната негативна одлука на Европскиот Совет, ќе ги загрози сите досегашни резултати на неговата Влада, но и реалниот огромен потенцијал за во иднина.
Премиерот нагласи и дека Владата трпеливо работела на обезбедувањето двотретинско мнозинство за промена на Уставот со цел промена на уставното име, оценувајќи дека тоа било исклучително чувствително прашање заради кое пратениците се соочувале и со закани и притисоци од националистите и радикалите во државата.
Мајката на убиеното момче Пинета Секондо денеска беше повикана на распит во скопското обвинителство, по што таа за можниот мотив рече дека не ја знае точната причина, но дека веројатно станува збор за љубомора.
„Уште не разговаравме за мотивот, љубомора, не би знаела друго зошто“, вели Трпковска.
Таа додаде дека досега немала добро искуство со припадниците на полицијата велејќи дека и спуштале слушалка и го блокирале телефонот кога ги барала за подетални информации.
Во оваа држава има органи и ние побаравме да се отвори истрага, но не да се употребуваат и злоупотребуваат на црниот пазар прислушувани приватни разговори кои се продавале на Бит пазар, во Софија, Истанбул, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој денеска изјави дека ниту ги слушал, ниту има намера да ги слуша прислушуваните разговори што беа објавени на Фејсбук профилот Ел Чека. Ахмети во обраќањето на одбележувањето на 17-годишнината од основањето на ДУИ, кажа дека во државата има надлежни органи кои треба да спроведат истрага и да го расчистат случајот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




