07 Октомври, 2024
0.0262

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови 30 дена притвор за Јанева, Беџети одбил да потпише екстрадиција за „Монструм“

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Катица Јанева која до неодамна беше на чело на институцијата која требаше да гони функционери за висока корупција останува во Шутка.

Ова станува јасно од одлуката на судот кој допрва ќе одлучува за барањето на одбраната да се преиначи одлуката за притвор со понудена гаранција.

Имено, Кривичен одлучил да биде продолжен притворот на Катица за дополнителни 30 дена.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Во „бомбите“ за случајот „Монструм“ кои денеска се слушаа во судница, се откри дека бившиот министер за правда од редовите на ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција од Косово за двајцата обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Телефонскиот разговор е од 14 март 2013 година.

Поранешните директори на БЈБ и УБК, Љупчо Тодоровки и Сашо Мијалков разговараат како да му се изврши притисок. Тодоровски вели дека Билјана Бришковска-Бошкоски му ги дала документите за екстрадиција, но тој уште не потпишувал. Мијалков на тоа вели дека ако тоа е така, тогаш тоа е злоупотреба на функцијата.

Се слуша и гласот на Беџети кој ѝ кажува на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска дека ќе го потпише, но тоа да помине без поголемо внимание во медиумите. Во другите разговори Јанкулоска разговара со министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Беџети, да му заблагодари што ги пронашле лицата обвинети за „Монструм“.

Во судот денеска се слушнаа 25 „бомби“. Следните рочишта за „Монструм“ се закажани за 4 и 10 октомври

ВМРО-ДПМНЕ објави список од 25 лица вработени во СЈО по линии на непотизам.

Обвинителот Гаврил Бубевски во СЈО си ги вработил братучедите Ефимија и Љупчо Чучурски. Ленче Ристоска си ја вработила братучетката Андријана Ристоска, Лиле Стефанова го вработила кумашинчето, Елизабета Јосифовска – ќерката и внукот. Ова е само дел од бројните имиња на блиски роднини на обвинителите, кои ВМРО - ДПМНЕ денеска ги објавија како примери на непотизам. Тврдат и дека, Катица Јанева си ги вработила внукот од сестра и девојката на синот, како и  членот на СДСМ, Борче Боки Трајковски, кој претходно бил една година во затвор за измама.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил