08 Октомври, 2024
0.0288

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пендаровски разочаран од Јанева, ги укори обвинителите, а утре ќе има нова „бомба“

Објавено во: Македонија 12 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Во Уставот стои дека Парламентот заседава постојано и ако има потреба веднаш истата вечер се собираат сите 120 пратеници, а тоа истото мора да важи и за сите обвинители во случајот. 

Не смееме да си доволиме во ваква голема афера ние да тераме годишни одмори како да е редовна состојбата, а состојбата не е редовна-рече Пендаровски.

Тој додаде дека не контактирал со премиерот Заев ниту со друг министер, бидејќи како што рече во овој момент тоа не било потребно.

Пендаровски, преку јавноста апелираше оние кои се надлежни да почнат да ја работат својата работа, побрзо, бидејќи, вели, не можеме да чекаме со месеци и месеци бидејќи станува збор за многу крупен влог.

-И од аспект на евроатланските процеси ние мораме брзо да ја расчистме оваа афера и не смееме да оставиме ниту најмал сомнеж ниту кај една единствена земја членка на ЕУ дека ние не сме подготвени да расчистиме и вакви случаи.

-Не се сите обвинители корумпирани, а голем дел од нив се професионалци со интегритет. Оваа држава има доволно чесни и способни луѓе со образ, меѓутоа тука главната улога треба да ја одиграат политичарите  и во тоа ја гледам направената кардинална грешка.

Одговорност, мора да има и по хоризонтална и вертикална линија, никој не смее да биде над законите во оваа земја, истакна на денешната прес конференција Шефот на државата, Стево Пендаровски, огласувајќи се пред граѓаните и медиумите за случајот „Рекет“.Претседателот истакна дека е разочаран од тоа што го слушнал во видеата, и бара брза и темелна истрага, исто така потенцираше дека надлежните отишле на одмор и сеуште се таму, како да е се во ред, а не е, во моментов во државата имаме вонредна ситуација, огромната криминална афера, која ги тресе темелите на важни државни институции.

-Како човек јас сум разочаран и од Катица Јанева-кажа шефот на државата.

Соработникот на Ла Верита, Ларис Гајсер на Фејсбук објави дека утре за Македонија во живо преку радио ќе соопштува нови детали.

Гајсер пишува дека во 11 часот на Радио Каподистрија ќе емитува факти директно во живо од студиото .

-Македонија: Утре 13 август, во 11 часот , на Радио Каподистрија! Внатре во фактите. Ќе се вклучам во живо од студио-пишува Гајсер.

Oд ВМРО ДПМНЕ бараат притвор за специјалната јавна обвинителка која си понесе оставка, Катица Јанева.

Опозициската партија побара притвор за Јанева за да не може да уништува докази и да влијае на сведоци и јавно постави прашање дали е точно дека Зоран Милески Кичеец бил заштитен сведок во случајот Империја?

Потребна е истрага за `се што е работено во СЈО, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

Според генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, без Јанева не постои случајот „Рекет“.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е вратена од годишен одмор и од денеска е официјално на работа, но засега не е повикана да даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“, пренесе МИА.

Од СЈО потврдиле дека Јанева денеска се јавила редовно на работа, по завршување на годишниот одмор и дека се уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство да се јави на распит.

Можеби ќе ве интересира

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата