06 Мај, 2024
0.0261

ФОКУС НА ДЕНОТ: Руски комичари снимиле разговори со Заев лажно претставувајќи се, опозицијата бара оставка

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Веста за трите разговори на руските пранкери Лексус и Вован со македонскиот премиер Зоран Заев се објавени дури и на РИА Новости, руската државна новинска агенција, како и на многу други руски медиуми.

Владимир Кузнецов и Алексеј Стојаров објавија снимка во која, наводно, зборувале со премиерот на Македонија (Северна Македонија) Зоран Заев, во име на поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, и во еден од трите разговори во име на Порошенко велат дека украинските научници "го откриле" неговиот "сродство" со Александар Македонски.

"Нашите научници веќе го воспоставија мојот однос со него, па сега можам да се наречам само Петар Македонски", се вели во еден од разговорите на пранкерите во име на Порошенко.

Тоа што сум измамен од руските комичари покажува дека сум во добро друштво, бидејќи така беа измамени и Емануел Макрон и Борис Џонсон, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање пред јавноста по повод објавените три разговори во кои шефот на македонската Влада мисли дека разговата со Петро Порошенко, претседателот на Украина, и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО.

- Тоа се странски платенички структури и работат во интерес на опозицијата, за што покажува првично ширење на веста од опозициските портали. Разговорите ја покажуваат мојата верба во договорот со Грција, како и за придобивките од договорот со Бугарија. Ќе направам и се што треба за автокефалноста на Македонската православна црква. Мислењето за Ѓорѓе Иванов дека е близок со русија, може сам за тоа да коментира, рече Заев.

Премиерот рече дека наседнал затоа што и претходно многу пати разговарал на истите теми со Порошенко и Столтенберг. Најави дека мора да се зголеми безбедноста при протоколот на комуницирањето и борбата против лажните вести. Рече дека нема намера да поднесува оставка поради ова.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, се јави со своја детална анализа за објавените разговори со премиерот Зоран Заев во кои е во заблуда дека разговара со поранешпниот претседател на Украин, петро Порошенко, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенверг, а всушност комуницира со двајца руски комичари. Поранешниот министер за надворешни работи тврди дека доколку Заев ги запазувал процедурите ќе бил „пренкнат“ само еднаш, а не три пати.

„Доколку Заев го известел МНР Димитров за разговорот со "лажниот Порошенко" во Август 2018, и МНР ја известел нашата амбасада во Киев, македонските дипломати ќе биле обврзани да стапат во контакт со украинското МНР и кабинетот на претседателот на Украина, да направат follow up на темите на разговор, и да утврдат динамика на реализација на дел од заложбите и идеите на двајцата државници, согласно она што го разговарале телефонски. 

При таква една уредна дипломатска постапка лесно ќе се утврдело дека станува збор за комичарска или можеби шпиунска местенка и вториот и третиот разговор воопшто немало да се случат, а со тоа ќе се намалеле ризиците за понатамошно нарушување од страна на Заев на тајноста на државните строго доверливи информации на Македонија, дополнителното нарушување на угледот на државата, како и нанесувањето на дополнителна штета на меѓусебната доверба на Германија, Грција, САД и Русија кон Македонија заради откривање на нивни чувствителни меѓународни позиции или ругање на некои од нивните државници.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека премиерот Зоран Заев наместо да се извинува требало веднаш да ја напушти премиерската функција и да распише предвремени парламентарни избори.

Мицкоски вели дека ова само дополнително ќе ја зголеми неговата лична агонија, неговата лична фустрација, но и фустрацијата на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев