08 Октомври, 2024
0.0355

ФОКУС НА ДЕНОТ: Сериски убиец скрил две тела, уапсен Панов, а полицијата влезе кај Нефи Усеини

Објавено во: Македонија 07 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Серискиот убиец кој сокрил две машки тела едно по друго пронајдени во резервоарот на браната „Турија“ во Струмица е пронајден и е во притвор, според зборовите на Агим Нухиу, заменик-министерот за внатрешни работи.

„Можам да кажам пред јавноста дека идентитетот на убиецот во двата наоди во Струмица и е познат на полицијата, но чекаме официјална потврда од ДНК-прегледите и за ова убиство имаме осомничен кој е во притвор. Го знаеме мотивот како се извршени убиствата и има сличности во формата и начинот на убиствата, дури и со она што се случи пред неколку месеци на територијата на градот Струмица “- рече денеска Нухиу.

Поранешниот градоначалник на Кавадарци Александар Панов е уапсен.

Полицијата денеска во Кавадарци при претрес во домот на поранешниот градоначалник на Кавадарци П.А. пронашла повеќе од 1000 монети со археолошка вредност, објави ФокусТие се од различни локалитети во Македонија. 

Полицијата  денеска влегла во фирмите на советникот од ДУИ во Охрид,  Нефи Усеини.

Усеини е советник во општината кој стана познат откако изгради тераса пред пицерија во заштитеното подрачје на Охрид. Терасата беше прогласена за дивоградба и беше наложено уривање, но таа одлука на локалните власти не беше реализирана.

Тој  учествувал и добивал тендери во општината, но по реакција на антикорупциската комисија тие договори беа прекинати.

Кривичен одлучи Toмор Морина, поранешниот припадник на ОВК кој беше уапсен на Блаце да не се екстрадира во Србија.

Не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Морина во Србија, соопштуваат од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје. 

„Советот постапувајќи по барање на Министерството за правда и по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донел решение дека не се исполнети условите за екстрадиција“, информираше Основен кривичен суд – Скопје.

Мерката притвор за Морина продолжува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна и на Врховниот суд, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

Во земјата има само еден доктор со лиценца за работа за детска
кардиохирургија, велат за Фактор од Лекарската комора на Македонија.

Иако во одговорот не се наведува кој е тој доктор, тврдењето практично потврдува дека Владимир Чадиковски е единствениот кој има ваква лиценца, со што со неговото заминување во „Жан Митрев“ нема да остане доктор кој е носител на ваква дејност.

Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден