ФОЛКСВАГЕН ОД 2033 ГОДИНА ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА САМО ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ: Премиум брендовите Audi и Porsche ги зголемија резултатите
Објавено во: Економија 29 Октомври, 2022
Германскиот
автомобилски гигант Фолксваген (VW) ќе произведува само електрични автомобили
Компанијата со тоа се обврза да го преземе овој потег во првиот период од зацртаната цел, која беше поставена за периодот 2033-2035 година.
Во следната деценија VW ќе го намали бројот на понудени модели и ќе ја зголеми профитната маржа за сите масовни марки – Volkswagen, SEAT и Skoda и комерцијалните возила – на 8 проценти до 2025 година, изјави извршниот директор Шефер.
Ројтерс наведува дека коментарите на Шефер ги повторуваат оние на другите високи менаџери во компанијата, кои исто така ги истакнаа плановите за рационализирање на производството и подобрување на продуктивноста додека групата се бори да доминира на пазарот на електрични возила.
Премиум брендовите на VW како Audi и Porsche ги зголемија резултатите на Групацијата во првата половина од годината, при што Audi забележа скок во оперативната добивка за 51 отсто, а Porsche 22 отсто, во споредба со падот од 8 отсто за другите марки на Volkswagen.
Во првата половина од годинава е остварена оперативна маржа од 5,6 отсто, наспроти 3,4 отсто во истиот период лани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.