ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОВТОРНО ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Можна причина оделувањето на Албанија од Македонија
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2024 17:48
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се подготвува за нова турнеја низ земјите од Западен Балкан, а нејзината прва дестинација ќе биде македонскиот главен град Скопје, на 24 октомври, објави бугарскиБГНЕС, повикувајќи се на Делегацијата на ЕУ во земјава.
Посетата на Фон дер Лајен доаѓа по одлуката на Брисел да ја оддели Албанија од Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. На 15 октомври Албанија треба да ја одржи втората меѓувладина конференција, по што ќе го отвори првиот преговарачки кластер. За Скопје процесот е во застој поради неспроведување на Преговарачката рамка со ЕУ, вклучително и условот да се промени Уставот и во него да се внесе бугарското малцинство.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




