17 Декември, 2025
0.1230

Фон дер Лајен: Се надевам дека ќе се најде решение со Бугарија

Објавено во: Свет 21 Јуни, 2022 11:22

Добивај вести на Viber

Претседателката на Европската унија, Урсула фон дер Лајен,во интервју дадено за група медиуми, меѓу кои и белгискиот весник Либре, вели дека земјите од Западен Балкан се многу понапред во евроинтеграциите отколку Украина, Молдавија и Грузија.

„Земјите од Западен Балкан отидоа подалеку од трите земји за кои Комисијата препорачува да се даде европска перспектива. Црна Гора и Србија веќе влегоа во пристапните преговори. Тие ќе започнат со Албанија и Северна Македонија и се надевам дека ќе најдеме решение со Бугарија“, рече Фон дер Лајен.

„Босна и Херцеговина ја доби европската перспектива, но мора да спроведе 14 приоритети. Ако го направи тоа, ќе може да ги започне пристапните преговори. И ова докажува дека процесот на пристапување е флексибилен и во голема мера зависи од развојот на настаните во земјите кандидати“, додаде таа.

Конкретно, претседателката на Комисијата посочи дека „најтипичен пример е споредбата меѓу Турција и Словачка. И двете земји станаа кандидати во 1999 година. Пет години подоцна, во 2004 година, Словачка беше членка на Европската унија, давајќи се од себе за да успее, додека Турција сега е подалеку од ЕУ отколку во минатото. Тоа зависи од волјата, единството и перформансите на земјите кандидати“.

Урсула фон дер Лајен беше прашана и за можноста за воведување плафон на цените на бензинот.

„Европскиот совет побара од нас да разгледаме различни модели за управување со прашањето за цените на бензинот. „Резултатите сè уште не се на маса, но верувам дека долгорочно, стратегијата RePowerEU е во право со оваа комбинација на диверзификација на добавувачите, заштеда на енергија и развој на обновливи извори на енергија што ќе не направат независни“, истакна таа.


Можеби ќе ве интересира

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки