ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ОБЈАВУВА ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА
Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2025 12:13
Фондацијата „Атанас Близнакоф“ објавува отворен повик за доделување стипендии за студентска извонредност за редовни студенти запишани на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2025/2026 година.
Стипендиите се наменети за студенти кои покажале исклучителни резултати во средното образование, имаат потенцијал за личен и професионален развој, но истовремено се соочуваат со финансиски пречки за продолжување на образованието.
Износот на стипендијата изнесува 2.500 (две илјади и петстотини) американски долари во денарска противвредност и се исплаќа еднаш годишно, на почетокот на академската година.
Право на пријавување имаат сите ученици кои:
● ќе се запишат како редовни студенти во прва година на студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
● имаат завршено средно образование со просечен успех од најмалку 4.0;
● не користат друга стипендија повисока од 6.000 денари;
● се државјани на Република Северна Македонија;
● чии вкупни семејни бруто приходи не надминуваат 800.500 денари за 2024 година.
Апликацијата се пополнува електронски на платформата за стипендии на Македонија2025: https://e-scholarship.macedonia2025.com, каде кандидатите ќе можат да ги прикачат потребните документи и да ги следат сите инструкции.
Процесот на селекција се заснова на јасни критериуми и вклучува автоматско бодување преку платформата, како и проценка на есеј и интервју од страна на комисија составена од претставници на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ и Македонија2025. Кандидатите кои ќе ги исполнат условите и ќе бидат најдобро рангирани, ќе бидат информирани до крајот на октомври 2025 година.
Преку оваа програма се овозможува пристап до висококвалитетно образование за најталентираните млади во земјата. Програмата не претставува само финансиска поддршка, туку е вистинска инвестиција во целосниот потенцијал на идните лидери на Македонија.
Стипендистите добиваат можност да се вклучат во дополнителни активности како индивидуално менторство со истакнати професионалци, тренинзи за развој на меки вештини, обуки за кариера и лидерство, како и практикантства во реномирани компании и организации. Програмата овозможува полесен и посигурен премин од академските студии кон професионалната кариера.
Фондацијата МК2025 изразува длабока благодарност до Фондацијата „Атанас Близнакоф“ за континуираната поддршка на студентската извонредност,.
Краен рок за аплицирање: 30 август 2025 година (до 23:59 часот).
За повеќе информации,
инструкции и листа на потребна документација:
https://e-scholarship.macedonia2025.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





