Фондација Т-Мобиле:Ќе им бидат вратени средствата на оние кои донираа на 143 143
Објавено во: Мои пари 31 Јануари, 2013 13:36
Фондацијата Т-Мобиле за Македонија денеска во врска со објавата на Facebook за погрешно насочена донација информира дека на сите корисници кои донирале на бројот 143 143 во периодот од 27 до 30 јануари ќе им бидат вратени средствата за што ќе добијат СМС известување.
- Доколку сакаат повторно да донираат, активните броеви за донации се поставени на веб страницата и на Facebook страницата на Фондацијата. Фондацијата ќе ги преземе сите мерки согласно законските прописи за откривање на сторителот - иницијатор на оваа нехумана активност, се вели во соопштението.
Од Фондацијата апелираат до медиумите и граѓаните доколку во иднина забележат слични случаи да ги информираат затоа што секоја невистина им штети директно на корисниците на броевите за донации кои најчесто се деца и лица на кои средствата им се од животна важност.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје





