19 Декември, 2025
0.0933

Фондот за пензиско преку СМС ќе известува за подигнување на решенија за пензија

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2025 13:08

Добивај вести на Viber

Граѓаните кои поднеле барање за остварување на право на пензија, од утре (29 јули), ќе бидат известувани со СМС пораки, каде и кога да го подигнат решението, информираат денеска од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.

Оваа услуга, како што велат од Фондот, се воведува со цел избегнување на непотребните доаѓања на шалтерите од страна на граѓаните и намалување на гужвите, а воедно се поедноставува процедурата на работа и се намалуваат трошоците во работењето.

„Откако решението ќе биде изготвено од службите до граѓаните што поднеле Барање за остварување на правото на пензија Фондот ќе ја достави пораката со следниот текст. „Вашето решение со бр.хххххххххххххх е изготвено. Истото можете да го подигнете во Филијалата/Деловницата на ФПИОСМ каде што е поднесено барањето“, се наведува во соопштението.

Во рамките на Фондот, како што посочуваат оттаму,  работи нов Кол Центар каде што граѓаните и осигурениците може да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на:- старосна пензија, семејна пензија, инвалидска пензија, најнизок износ на пензија, остварување на права со примена на меѓународни договори, остварување на права од Законот за работни односи и тоа скратено работно време, промена на работно место, непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници (земјоделци),  продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници ( верски лица),  остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж,  задршки од пензија, како и услови за остварување на право за сместување во пензионерски дом.

За подобрување на работата на Фондот и поедноставување на начинот со кој граѓаните ги остваруваат своите права од пензиското и инвалидското осигурување, во изминатиов период, како што велат од Фондот, преку новиот портал uslugi.gov.mk се воведени 13 електронски услуги.

„Станува збор за Барање за остварување на право на старосна пензија,  Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – упатени работници во странство, Барање за издавање решение за утврдување на својство на осигуреник – вработени во странство, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – верски службени лица, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник- индивидуален земјоделец, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – продолжено осигурување, Барање за донесување на наод оцена и мислење за права од Законот за работни односи, Донесување наод, оцена и мислење согласно одредбите од Законот за вработување на инвалидни лица, Потврда за исплатени пензии во периоди, Потврда за исплатени пензии и спроведени задршки од пензија, Преглед за пресметан и платен данок од доход за исплатени пензиски примања, Потврда за сметка во банка, како и Потврда за корисник на пензија без податок за износ на пензија, се наведува во соопштението до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување“, се посочува во соопштението.

Од Фондот информираат дека во фаза на тестирање се и следните услуги, кои ќе бидат ставени во употреба во наредниот период и тоа: Барање за остварување на право на семејна пензија, Барање за остварување на право на инвалидска пензија, Барање за остварување на право на паричен надоместок за телесно оштетување, како и Издавање на дупликат решение.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот