18 Декември, 2025
0.0722

Форбс: Ангела Меркел повторно најмоќна жена на светот

Објавено во: Свет 27 Мај, 2015 13:00

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел петта година по ред ја предводи листата на престижното издание „Форбс“ за највлијателна жена во светот.

На второ место во 2014 година е поранешниот државен секретар на САД и актуелен претседателски кандидат Хилари Клинтон. Веднаш по неа се Мелинда Гејтс – сопругата на Бил Гејтс и ко-основачката на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, претседателот на американскиот федерален резерви Џенет Иелтн и извршниот директор на „Џенерал моторс“ Мери Бара.

Во првите десет спаѓаат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард, која е на шестото место и првата дама на САД Мишел Обама – на деветтото.

Годишната листа на највлијателните жени во светот на магазинот „Форбс“ вклучува дами од осум категории – технологија, политика, бизнис, финансии, медиуми, забава, филантропија и милијардери.

За последните 12 години канцеларката Меркел била 10 пати во првата десетка на листата. Меѓу новите засилувања во рангирањето е и американската пејачка Тејлор Свифт на 54-то место, која со своите 25 години е и најмладиот нејзин член.

Според статистиката на изданието 59% од дамите во рангирањето се американки. Од азиско-пацифичкиот регион има 18 претставнички, 12 од Европа, по четири од Латинска Америка и Блискиот Исток и три од Африка.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“