15 Мај, 2024
0.0285

Форбс: Миграцијата од Бугарија и Романија можно е да не е масовна

Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

 Бугарија и Романија имаат најнизок БДП по глава на жител во ЕУ, а невработеноста расте, пишува„Форбс“ во написот насловен „Заминувањето од Бугарија и Романија може да не е масовно по укинувањето на работните рестрикции во ЕУ“.

Некои експерти во Бугарија и Романија стравуваат од излевање на мозоци поради заминувањето на млади и квалификувани граѓани на овие две земји откако добиле образование во нив.

Се проценува дека една четвртина од Бугарите и 31 проценти од Романците зборуваат англиски, наспроти една третина од Полјаците, забележува „Форбс“.

Многумина експерти, како и претставници на бугарските и романските власти сепак се скептични дека ќе се случи масовна емиграција во 2014 година. Официјални лица наведуваат дека голем дел од нивните сонародници веќе ги напуштиле овие две земји.

- Не сметам дека тоа е голем проблем. Луѓето кои сакаат да одат во Велика Британија, веќе се таму. Не мислам дека ќе биде голем бројот на оние кои ќе заминат таму годинава, изјави за „форбс“ конзулот на Бугарија во Њујорк Љубомир Грнчаров. Тој додава дека многумина Бугари, кои заминале во Велика Британија пред 2014 година, се враќаат во својата земја поради високите цени на кириите и недвижностите во Велика Британија.

„Форбс“ се осврнува и на негативните чувства кон бугарските и романските мигранти кај јавноста, медиумите и политичарите во Велика Британија, каде во 2004 година пристигнале речиси половина милион Полјаци, па Британците стравуваат од сличен наплив од Бугарија и Романија.

Од друга страна некои британски економски експерти сметаат дека доаѓањето на здрави и мотивирани да работат имигранти може да е корисно за економијата на земјата -домаќин, особено затоа што овие имигранти обично се млади и ретко се товар за националниот здравствен или социјален систем, забележува „Форбс“

Можеби ќе ве интересира

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето