27 Април, 2024
0.2018

Ford Focus – избран за автомобил на годината и во Македонија

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Комплетно новиот Ford Focus е прогласен за Автомобил на годината за 2019 во Македонија, откако оваа титула претходно ја понесе во Словенија и во Хрватска. Исто така, Focus е еден од седумте автомобили на кратката листа за наградата Европски автомобил на годината, која ќе биде најавена во март.

Стручно жири, по 24-ти пат, ги вреднуваше, тестираше и бодираше автомобилите според различни критериуми и притоа, едногласно одлучи Focus да ја добие титулата Автомобил на годината 2019.

„По анализата на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на Ford Focus. Националното жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн и комфорт и опременост. Победничкото возило Ford Focus доби 69 бодови од  жирито,пред Citroen C5 Aircross со 67 и Kia Ceed модел што доби 66 бода“, стои во информацијата од Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ упатена до медиумите.

Наградата е освоена во конкуренција на финалистите: KiaCeed, Citroen C5 Aircross,VolvoXC40и Opel Grandland X.

„За нас, навистина, признанието е многу значајно и само ја потврдува моќноста и уникатниот дизајн на ова возило. Освен естетиката, Ford Focus нуди сериозно технолошко искуство за возачот и сериозно ниво на безбедност за сите патници. Драго ни е што Македонија се приклучува на долгата листа земји во кои нашиот модел се закити со оваа награда“, вели Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс

Треба да се напомене дека технолошкиот Ford Focus победи во 10 различни категории и во првите шест месеци по продажбата, до ноември минатата година, продаде над 45.000 возила во Европа. Станува збор за автомобил кој е направен од празен лист хартија и визионерски претворен во автомобил со револуционерен дизајн, комплетно ново подвозје со најдобри возни својства, врвни системи за безбедност, сигурност, економичност и удобност.

Новиот Focus се нуди во хечбек варијанта со пет врати и лимузински стил. Како дополнување на ST -Line се нудат и Focus Trend, Focus Titanium и Focus Vignale. Исто така, со нарачка е достапен и првиот спортски инспириран Focus Active кросовер. Испорачувајќи повеќе внатрешен простор, комбиниран со материјали од висок квалитет и занаетска изработка, новиот Focus нуди софистициран ранг на Ford технологии за помош на возачот, како што се адаптивна контрола на движење со Stop-Go и првиот дисплеј пред глава кој ќе биде понуден од Ford во Европа. На Focus, исто така, му е доделен максималниот рејтинг од 5 звезди за безбедност од независните EURO NCAP, согласно новите и најстроги протоколи за тестирање.

Комплетно новиот Ford Focus е достапен кај официјалниот дистрибутер Ми-Да Гранд Моторс и нивните овластени дилери.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“