Формирана првата јавно-приватна компанија за интернет обложување во Македонија
Објавено во: Економија 16 Јануари, 2024
Државна лотарија и 77 Битс БСЦ, компанија чиј дел неодамна е превземен од бугарската „Телематик“, ја регистрираа првата јавно-приватна компанија за приредување на интернет игри на среќа.
Компанијата за онлајн обложување ќе го носи името „Државна лотарија - 77 Битс Битола“, а регистрирана е на 9 јануари. Вкупната основна главнина е нешто повеќе од 3 милиони евра.
За управител е назначена Марина Милошевска, а членови на Надзорниот одбор се Пеце Коруновски, претседателот Пеце Трајковски, Перпарим Бајрами, инаку актуелен директор на Државна лотарија, а понатаму уште и Мајљинда Рамадани и Нафитула Елмазовски.
Најголемата бугарска компанија за онлајн обложување Телематик Интерактив Бугарија на 14 декември ја извести бугарската берза дека ќе приредува онлајн обложување во Македонија преку потпишан договор со АД Државна лотарија за заедничко трговско друштво. Оваа информација беше објавена на бугарската берза.
„Ве известуваме дека компанијата 77 БИТС БСЦ ДОО Битола (друштво со ограничена одговорност), регистрирано според законодавството на Република Северна Македонија, во која „Телематик интерактивна Бугарија“ АД поседува 50 проценти од капиталот, доби тендер за добивање право на извршување онлајн обложувачка активност организирана од Државна лотарија на Република Северна Македонија.
Во согласност со барањата на локалното законодавство, помеѓу 77 БИТС БСЦ ДОО Битола и Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД - Скопје, беше потпишан договор според кој двете страни ќе основаат трговско друштво, кое ќе врши онлајн обложувачки активности во Република Северна Македонија“, соопшти „Телематик“ во својата информација до берзата.
АД Државна лотарија пред девет месеци регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ.
„ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен. Новата фирма на АД Државна лотарија и „ХТЛ Македонија“ се вика Нова државна видео лотарија - Ново ВЛТ Доо Скопје
Државна лотарија веќе одамна има заедничка компанија со Касинос Аустрија.А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.