22 Ноември, 2024
0.0379

(ФОТО) 20 години Мак Аутостар – Посветени како никој друг

Објавено во: Економија 12 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Гламур и сјај, познати јавни личности и странски гости, лица од естрадата и голем број претставници на медиумите, на забава организирана на оригинален начин, заедно го прославија 20 годишниот јубилеј на компанијата Мак Аутостар, генералнот застапник н Mercedes-Benz и Mitsubishi Motors во Македонија.

„Навистина е убаво чувството да се биде сведок на две децении развој и одржување на врвот на една компанија како што е Мак Аутоастар, една меѓу првите автомобилски компании од осамостојувањето на Македонија.

Под мотото – Посветени како никој друг – прославуваме 20 годишен јубилеј, за што сведочат 20 години успешна приказна, која продолжува и денес, да го дадеме најдобро на сите оние кои го очекуваат најдоброто.

Би сакал да изразам голема благодарност од името на Мак Аутостар до сите наши верни клиенти, пријатели и соработници, со чија помош успеавме да го постигнеме сето тоа“, изјави генералниот директор на Мак Аутостар, Зоран Марковски.

Освен пријателите на Мак Аутостар, како и познати личности од јавниот живот, специјално за прославата допатуваа и главниот директор за продажба и маркетинг на Mercedes-Benz патнички возила за Централна и Источна Европа. Азија и Африка, г-нот Јоханес Фриц, потоа Главниот Извршен директор на Mitsubishi Motors за Европа, г-нот Томохиса Нишина, како и сопственикот на Мак Аутостар и еден од сопствениците на групација Betz, г-нот Tомас Бец.

На настанот гостите имаа прилика да уживаат во музиката на 20 члениот оркестар на Македонската Радио Телевизија БИГ БЕНД, заедно со Џон Илија Апелгрен, а на сосема уникатен, мултимедијален начин беше одбележан и моментот на прославувањето на 20 годишниот јубилеј на компанијата со познатиот танчер Илија Карадаковски.

Забавата имаше и своја „ѕвезда на вечерта“. Мак Аутостар повторно меѓу првите земји во светот, успеа премиерно да го покаже моментно најпосакуваниот светски автомобил, Mercedes-Benz S-Coupe.

Прославувањето траеше до доцните ноќни часови, кога и „журката“ се расжести, со добро познатата Тамара Тодевска, како и Кубанскиот Кристал бенд.

Ноќ за паметење и желби за уште многу нови јубилеи.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria