(ФОТО) А најскапите хотели се во …
Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2014 21:35
Најскапото ноќевање во градовите во светот, во просек е во Швајцарија, покажала анкетата на истражувачката компанија „GoEuro“, која опфатила 150 градови ширум светот.
Швајцарците може да се „гордеат“ затоа што на листата во првите 30 имаат дури четири града - Цирих (13), Женева (19), Берн (24) и Лозана (26) - но ниту еден во првите десет.
На листата градови со најскапо просечно ноќевање во хотел со 5 звезди во „ТОП ТЕН“ ги нема да речеме Париз, но ни Лондон или Венеција, покажува анализата на GoEuro ...
Првото место го завзема Пунта Кана, во Доминиканската Република, каде ноќевање просечно чини 1323 долари.
На второ место е Сент Мориц во Швајцарија (687 долари), а следат Мајами (680), француски Ремс (679), па дури тогаш „центарот на светот Њујорк (669 долари).
Потоа следат градовите Ерусалим (609), Сен Тропе (592), Насау на Бахамите (541), а на претпоследното место во првите десет е трендовскиот град Монте Карло (509), додека последен е Мускат во Оман (481).
Глобално набљудувано, најефтин град, кога станува збор за хотелите, е албанската престолница Тирана, каде во просек може да се ноќева за 31 франак (1550 денари). Секако во тој случај не зборуваме за хотели со пет звезди.
На дното на листата уште се Намамет во Тунис, бугарската и египетската престолнина, Софија и Каиро, како и Анталија и Турција.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка






