19 Декември, 2025
0.0422

(ФОТО) Адора инженеринг со нови проекти се претставува на саемот за наедвижности 2015

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2015 15:49

Добивај вести на Viber

На 5-тиот меѓународен Саем на недвижности 2015 што денеска беше отворен на Скопски саем, градежната компанија Адора инженеринг се претставува со понудата на 450 нови докажано асеизмички станови, што според современите европски стандарди, од енергетската А-класа, ќе бидат изградени во модерната општина Аеродром, на 15 минути пеш од главниот плоштад во Скопје, во рамките на комплексот со трите изградени објекти на Адора инженеринг.

Gen. dir. Cifliganec so vicepremier Stavreski so noviot prtoekt vo Kisela Voda

Особен интерес кај гостите на саемот и кај вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, кој го посети штандот на Адора инженеринг, предизвика новиот инвестициски проект за изградба на капиталниот станбено- деловен објект „Порта Адора-Кисела Вода“, вистински деловен предзивик што компанијата ќе го реализира годинава на влезот во општина Кисела Вода, во централното подрачје на Скопје.

Izvr. dir. Dragana Cifliganec so prviot kupuvac na stan na saemot

„Новиот комплекс кој ќе се гради на местото на поранешната фабрика „Цветан Димов“, кај месноста рампа во општина Кисела Вода, во центарот на Скопје, ќе биде со архитектура мотивирана од познатата висококатница, урбанистичка икона на Њујорк „Флетајрон“ изградена во 1902 година во елитниот кварт Менхетн. На градежно земјиште од 4.403 м², кое го купивме на транспарентна јавна лицитација од државата, по цена 7 пати повисока од почетната, за што плативме 2.200.000 евра, плус 2.500.000 евра за комуналии, овој стратешки елитен станбено-деловен објект планираме да почнеме да го градиме ова лето. Се очекува овој проект во двете насоки, да оствари финансиски обрт од околу 40 милиони евра. Според архитектонскиот проект кој сега се работи, овој објект треба да биде со висина од 45 до 50 метри, со ексклузивни деловни простории, мезанин и елитни станови на 14 нивоа. Објектот ќе биде со препознатливиот квалитет на градба на Адора инженеринг, со потврдена асеизмичка стабилност, енергетска ефикасност А-класа, со примена на најновите технологии и трендови, кој на станарите ќе им понуди исклучително квалитетни и модерни услови за домување и бизнис. Се очекува во текот на градба, за една и пол година, на реализација на проектот да бидат ангажирани околу 500 градежни работници, со што ќе дадеме голем придонес во македонската економија. Што се однесува на цените тие ќе се движат некаде помеѓу цените на становите во Карпош и општина Аеродром во Скопје, а Адора инженеринг ќе оди со стапка на профитабилност од 10 %.“ – изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на градежната компанија Адора инженеринг.

Posetiteli na shtandot Adora na Saem na nedviznosti

На саемот на недвижности, кој ќе трае до 7-ми март со учество на 300 компании, Адора инженеринг на најсреќниот купувач на стан, ќе му подари комплетно опремување на домот.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка