19 Мај, 2024
0.0284

(ФОТО) Американски кадети градеа домови во Велес

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Вкупно 25 кадети од САД, за време на нивниот работен престој во Македонија, организираа еднодневна волонтерска акција за помош во изградбата на населбата Хабитат во Велес.

Хабитат Македонија оваа сабота имаше задоволство да биде домаќин на тим составен од 25 американски кадети. Кадетите одлучија да одвојат еден ден во рамки на својот повеќенеделен работен престој во Македонија и да волонтираат во изградбата на населбата Хабитат. Тие се вклучија во тековните градежни работи на 12-те нови станови, кои наскоро ќе овозможат пристојно и достапно домување на велешките семејства со ниски приходи.

Благодарност за нивната помош им изразија и две од семејствата што ќе домуваат во населбата Хабитат во Велес, а можноста ја искористија и самите да помогнат во градежните работи.

„Сакаме да се инволвираме во заедницата и да помогнеме онаму каде што можеме и каде што има потреба. Тоа е вообичаено за нас, а особено за учениците и студентите кои волонтираат многу често. Самите универзитети во САД ја поттикнуваат оваа практика со тоа што имаат барања за волонтерски денови во заедницата. На тој начин се гради посилна и поцврста заедница која на младите луѓе им помага да изградат појака мрежа“, рече Андреа Меткалф, лидер на тимот.

Во досегашната изградба на 36 станови во четирите станбени згради во Велес учествуваа повеќе од илјада волонтери, кои пристигнаа во Македонија од целиот свет, со цел да помогнат во градењето на овие домови. За волонтирањето како практика, сѐ повеќе се интересираат и локални институции, компании и студенти, па може да се очекува во населбата на Хабитат Македонија почесто да се сретнуваат и волонтери од Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО