17 Декември, 2025
0.1002

(ФОТО) Авион на соларни батерии се упати на својот прв лет околу светот

Објавено во: Свет 09 Март, 2015 10:13

Добивај вести на Viber

Сонцето изгреа во Абу Даби и со неговите први зраци и авионот „Сончев импулс 2“ се упати на првиот пат околу светот, патувањето на оваа леталото напојувано само од енергијата што Сонцето му дава директно.

Авионот, пилотиран од Швајцарецот Андре Боршберг се одвоил од пистата на аеродромот во главниот град на ОАЕ и се насочил кон главниот град на Оман во 7:12 часот по локално време, каде треба да пристигне на крајот на денот.

avion 6

Авионот кој се движи исклучиво со енергијата што успева да ја собере само од сонцето, тргна на пат околу светот, подготвено од иницијаторите на проектот - швајцарскиот пилот и бизнисмен Андре Боршберг и неговиот сонародник и колега во воздухопловството Бертран Пикард.

Воздушнот патување е со вкупно траење од пет месеци, но во ефективни летови авионот ќе биде околу 25 дена со брзина меѓу 50 и 100 километри на час. За тоа време тој ќе мора да надмине над 35 илјади километри.

avion 4

Авионот со соларни панели ќе продолжи од Оман кон Индија. Потоа Боршберг и Пикард планираат да достигнат до Кина, по што им претстои лет над Пацификот. За време на прелетувањето се планирани 12 слетувања. Крајна точка на маршрутата е повторно ОАЕ.

„Сончев импулс 2“, конструиран во Швајцарија, е подобрена верзија на авионот „Сончев импулс“ и има зголемени димензии. Растегнување на крилата му е 72 метри, со тежина - околу 2,3 тони. Во него има 17 илјади соларни ќелии. Погон со соларна енергија кога авионот ќе прелета над Индија, Кина, Њујорк и над Медитеранот, пред да стигне до појдовна точка во Абу Даби.

avion 5

За време на летот самото леталото нема да употреби гориво. Леталото има четири електрични мотори и можност да ја чува енергија за ноќен лет. Тој може да лета неколку деноноќија без прекин. Транзицијата над Тихиот Океан е во две фази со слетување на Хавајските острови.

Над САД се три фази со слетување во Феникс и Њујорк, по што ќе треба да се лета над Атлантскиот Океан. Оттаму во Јужна Европа или во Северна Африка ќе биде достигната првичната точка на полетувањето на крајот на јули или почетокот на август.

avion 3

„Со нашиот лет сакаме да докажеме дека чистите технологии и обновливи извори на енергија ќе ни овозможат да оствариме работи кои до неодамна се сметаа за невозможни“, изјавил Бертран Пикард.

avion 2 avion 1

Можеби ќе ве интересира

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?