(ФОТО) Диносауруси во Скопје Сити Мол!
Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2014 14:50
Целиот настан е можност децата на интерактивен да се запознаат и да научат нешто повеќе за диносаурусите стари и до 250 милиони години – од ископување фосилни остатоци во самиот мол, преку тури со палеонтолози и разгледување на експонатите кои се долги и повеќе од 12 метри, па се до можноста да гледаат документарни филмови и да научат нешто повеќе за карактеристиките на диносаурусите.
Во рамките на „Кидс Дино Диг”, целокупниот мол е комплетно посветен на диносаурусите и на потрагата по фосили. Децата можат да ископуваат и откриваат фосили во посебна униформа, заштитна опрема и алатки за ископување. Како дел од експедицијата, децата секојдневно ќе откриваат нови фосилни остатоци и ќе учат нови податоци за диносаурусите присутни во Скопје Сити Мол.
„Со „Кидс Дино Диг” сакаме да им го честитаме завршетокот на учебната година на учениците во основните училишта. Решивме да им подариме интерактивен настан на кој ќе можат да научат многу нови работи за диносаурусите, да ископуваат фосили и артефакти во специјализираните археолошки зони, или едноставно, да се сликаат со овие енормно големи суштества кои до 2-ри Јули буквално ќе го окупираат Скопје Сити Мол. ”Кидс Дино Диг” е вистинска атракција низ Европа, и ни претставува огромно задоволство што како дел од нивната турнеја за 2014 се присутни во Скопје Сити Мол и ќе претставуваат вистинска атракција за сите посетители”, изјави Дарко Панчевски.
Изложбата на диносаурусите ќе можете да ја погледете во времето на работа на Скопје Сити Мол, а тоа е од 10:00 часот до 22:00 часот. Организираните тури со водич ќе се одржуваат на секој час . Комплетната тура и ископувањата на фосили се бесплатни. Децата кои ќе учествуваат во активностите поврзани со „Кидс Дино Диг” треба да се на возраст меѓу 5 и 12 години.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“




