06 Јули, 2024
0.0357

(ФОТО) До последен момент се бореле за спас: Во ладилникот на смртта имало и четири деца!

Објавено во: Свет 28 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Седум лица се уапсени во Унгарија поради сомнение дека се вмешани во смртта на 71 бегалец во камион со ладилник на австрискиот авто пат. Апсењето е извршено во соработка со австриската полиција, додека според пишувањетонна „Кронен цајтубг“ , водачот на криумчарската банда избегал во Романија.

hladnjaca-izbeglice-austrija-mrtvi-1440753315-728657

Меѓу настраданите се и четири деца-три дечиња на возраст од 3,8 и 10 години и едно и пол годишно девојченце.

Според резултатите на истрагата, ладилникот од 7,5 тони во рани утрински часови во средата тргнал од Будимпешта, а околу девет часот пред пладне бил на унгарско-австриската граница, која ја преминале дури во текот на ноќта. Во четвртокот наутро, помеѓу пет и шест часот, камионот е оставен на лентата за запирање на автопатот А4 кај австриското место Парндорф.

Во камионот, кој криумчарите го употребувале за префрлување на илегалци, кој е контролиран после подолго стоење во лентата за запирање кај автопатот во близина на местото Парндорф, се пронајдени 71 тело. Камионот во четвртокот е оставен на лентата на автопатот А4.

hladnjaca-izbeglice-austrija-mrtvi-1440753406-728661

Службениците од компанијата „Асфинг“ кои работат на одржување на патиштата, пријавиле во полиција дека едно возило подолго време стои на лентата за запирање на автопатот, па чуварите на редот тргнале во контрола. При отварање на камионот откриени се голем број на човечки тела на бегалци кои се задушиле во текот на возењето. Траговите на внатрешноста на камионот покажуваат дека жртвите се обидувале да ја отворат вратата, но дека не успеале.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/637181246691483648/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Така во кабината на страната на совозачот, е пронајдена пукнатина, која бегалците ја направиле во обид да се извлечат од камионот. Камионт бил во сопственост на еден словачки преработувач на месо, чиј сопственик е чешки министер за финансии и фицепремиер Андреј Бабиш, инаку по националност Словак, но, според достапните податоци, еден Романец легално го откупил и пријавил во Унгарија, во градот Кечкмет, па имал унгарски таблици.

get_image_variation (3)

Министерството за внатрешни работи порачал дека нема да трага само за криумчарот, туку и за лицата кои стојат позади него, бидејќи се претпоставува дека се работи за организирана банда на криумчари, чии шефови се наоѓаат во Романија. Во Австрија, како и ширум Европам оваа трагедија ја потресе јавноста, а поедини политичари говореле дури и за масовното убиство, и побарано да се зголеми борбата против трговците со луѓе.

 

Можеби ќе ве интересира

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир