(ФОТО) Донација на велосипеди на АМСМ на Град Скопје
Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2015 13:26
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Градски паркинг", Борче Јакимовски денеска ја примија донацијата од 35 велосипеди од Авто мото сојуз на Македонија- АМСМ.
„Сакам да изразам благодарност до Авто мото сојуз на Македонија за оваа донација на велосипеди, со кој директно се вклучија во кампањата за подобрување на велосипетската инфраструктура и подигнување на јавната свест за велосипедот како превозно средство во Скопје. Овие 35 велосипеди, од кои 30 се велосипеди за возрасни и 5 за деца, се со вредност од околу 172.000 денари. Донираните велосипеди Градот Скопје ќе ги постави на пунктот за изнајмување велосипеди на ЈП „Градски паркинг“, пред катната гаража Македонска фаланга“, кажа градоначалникот Трајановски.
Директорот на Авто мото сојуз на Македонија, Димитар Миновски изјави, дека овие велосипеди се добиени од проект од светската сообраќајна асоцијација (ФИА), со што се вклучуваат во поддршката на Град Скопје за користење на велосипедот како превозно средство во Скопје.
[gallery ids="163687,163688,163689"]Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината






