(ФОТО) Два нови модела на Mercedes-Benz пристигнаа во Македонија!
Објавено во: Мои пари 15 Март, 2014 12:34
Под мотото „Посветени како никој друг“, Мак Аутостар го прослави 20 годишниот јубилеј од своето постоење и на сосема невообичаен модерен начин, досега несвојствен за Mercedes-Benz, заедно со познатиот DJ Саф и Игор Сакс ги претстави во исто време двата нови модела. За оваа прилика салонот на Мак Аутостар беше целосно преуреден во Club Café.
„Mercedes-Benz изминативе две години храбро го претставува своето ново лице, создавајќи мост
меѓу модернизмот и авантгардата, меѓу традицијата и прогресот. Резултат на тоа се новите модели, со динамичен дизајн и сензуални форми кои мошне вешто ги поттикнуваат емоциите. Така е и со новата C-Class и новиот GLA, кои веќе се прифатени со воодушевување“, изјави директорот за маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.
Новиот GLA е премиум компактен SUV со купе дизајн. Кога ќе се погледне ентериерот, тој дава чувство на висок квалитет што е постигнато со помош на изборот на материјали со висок квалитет, како и динамичниот дизајн и прецизноста во изработката и поставеноста на разните детали.
Други опции кои се на располагање во внатрешноста се мултимедискиот систем COMAND Online, Bluetooth I USB конекција, како и Drive Kit Plus системот кој овозможува директно бирање на музика од I-phone.
Новата C-Class, пак, навестува ново поглавје за Mercedes-Benz и поставува нови стандарди во премиум, средната класа на автомобили. Од воведувањето на овој модел во далечната 1982 година, досега се продадени 8,5 милиони, а од нив 2,7 милиони C-Class се продадени од последниот модел односно од 2007-та година. C-Class e поголема во однос на својот претходен модел, односно за 80 мм е зголемено меѓуоскиното растојание (2840 мм), а должината е зголемена за 95 мм и изнесува 4684 мм, додека широчината на возилото е поголема за 40 мм и вкупно изнесува 1810 мм.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




