19 Декември, 2025
0.0979

(ФОТО) Ѕвездите од Mercedes-Benz за 20 годишниот јубилеј во Македонија

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2014 12:57

Добивај вести на Viber

Над 8.000 км европска турнеја на Mercedes-Benz со своите врвни ѕвезди. За 20 годишниот јубилеј, Mercedes-Benz Мак Аутостар на посебен начин ги изненади сите вљубеници во овој автомобилски бренд.

Вистински подарок од Mercedes-Benz, Roadshow вредно за паметење. Вака накусо може да се раскаже настанот организиран од страна на Mercedes-Benz, заедно со официјалниот претставник во Македонија, Мак Аутостар.

Гостите на настанот кој се одржа на аеродромот на ТАВ, имаа можност, не само да ги испробаат најврвните модели на Mercedes-Benz, туку и одблизу да се запознаат со сите најнапредни технички достигнувања на фабриката од Штудгарт.

За оваа цел, Mercedes-Benz во Македонија пристигна со врвни светски инструктори за возење, кои преку теоретски дел и неколку практични вежби на полигон, на учесниците на настанот им ги демонстрираат сите врвни достигнувања на Mercedes-Benz во делот на безбедносните и останати електронски системи.

Главна атракција беа новата C-Class и новиот GLA, како и моделите AMG, најскапите и со највисоки перформасни автомобили од секоја класа на Mercedes. Моделите A45 AMG, CLA 45 AMG, се модели со најмноќните дволитарски мотори во светот, односно со 360 кс, а достапни за возење беа и легендарната SL 63 AMG, потоа SLK 55 AMG, како и E63 AMG S со дури 585 кс.

Вистинско возбудување за гостите на настанот е возењето на Mercedes AMG моделите на автопат, искуство за кое се вели дека за миг се наоѓате во една нова димензија на магичниот светот на Mercedes. Карактеристично за Mercedes AMG моделите е тоа што нивните мотори се рачно изработени и потпишани од инженерот од фабриката.

„Оваа година компанијата Мак Аутостар под мотото „Посветени како никој друг“, прославува 20 годишен јубилеј, за што сведочат две децении успешна приказна, која продолжува и денес, да го дадеме најдобро на сите оние кои тоа го очекуваат. Денешниот настан Mercedes Roadshow  е само дел од таа приказна“,изјави директорот за маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

Инаку, Mercedes-Benz Roadshow се организира само во неколку европски држави, а оваа година меѓу нив е и Македонија. Турнејата наречена „Вашето чудесно патување –

Mercedes-Benz Star Experience“ трае нешто повеќе од два месеци и се изминуваат над 8.000 км, пат на кој Mercedes-Benz спојува различни култури. Искуство за почит.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка