ФОТО: Елитен станбен комплекс во Скопје!
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2012 15:12
Инвеститор е д-р. Благоја Николовски, а изведувач на градежните работи е компанијата „Никоб Инжинеринг“, која воедно го има изработено и проектот за комплексот.
„Кај нас не станува збор за класични станови, туку за концепт на организирано живеење коешто ќе ги олесни секојдневните обврски на лицата кои ќе бидат дел од овој комплекс. Нудиме пристапна цена, беспрекорен квалитет на оваа станбена населба којашто по многу нешта се разлика од понудата на станови што постои во градот“, изјави Благоја Николовски.
Станарите на „Верина“ ќе може да уживаат во 15.000 метри квадратни зелена површина, порибено езеро со површина од 5.000 метри квадратни, вештачки водопад, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања. За потребите на комплексот, во негов склоп ќе функционира и супермаркет. Сите објекти ќе бидат опремени со панорамски лифт, а становите се распоредени по два на еден кат и се целосно одвоени, односно немаат заеднички ѕидови. Секој стан има поглед кон езерото. Покрај ова, сопствен систем за греење и ладење, како и сопствен паркинг простор се дел од поволностите за идните станари.
„Филозофијата и концептот на овој комплекс е создавање на еден облагороден животен простор каде ќе бидат достапни сите неопходности за нормално одвивање на секојдневните потреби на едно типично семејство. Комплексот Верина е совршено место за живеење затоа што е доволно изолирано од градската врева а сепак блиску до градот а истовремено ги нуди сите потребни содржини за еден мирен, среден и повеќе од пријатен живот“, изјави главниот архитект на комплексот Звонимир Вељак.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“





