(ФОТО) Eве кој му го чува грбот на Ким Џонг Ун
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2017
Северно корејскиот лидер, Ким Џонг Ун има целосна доверба во својата сестра за која се верува дека му помага околу градење на имиџот во јавноста.
Тој Ким Џо Џонг(28) ја назначи за одговорна за политбирото кое ќе донесува важни одлуки со негова согласност.
Со тоа тој на член од семејството дава управувачка моќ.
На местото каде сега е назначена сестра му, претходно беше тетка му, Ким Кјонг Хе.
Таа беше единствена влијателна фигура за време на владеењето на Ким.
Сестрата на Ким јавно не е многу позната, но се најде на црната листа на американското Министерство за финансии заради загрозување на човекови права.
Според американски аналитичари, таа не се смета за наследник на Ким затоа што во земјата се почитува патријархалното однесување.
Таа образованието заедно со Ким го завршила во изолација, а се образувале во близина на Берн во Швајцарија и се воделе под псевдоними.